Македонија

Повторените локални избори покажаа дека СДСМ треба да запре да биде срам, порача премиерот

Конечниот исход е 56:6 во полза на ВМРО-ДПМНЕ

По завршување на повторените локални избори во 4 општини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан

Мицкоски го објави конечниот исход 56:6 во полза на ВМРО-ДПМНЕ а на СДСМ  дека мора да се отрезни, да расчисти со своето минато и да престане да биде срам за сопственото членство и за државата.

 

,,Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДПМНЕ победи во 56 општини во Македонија, СДСМ во 6. Тоа не е случајност, тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова е уште еден тежок дебакл на СДСМ и на актуелното раководство на таа политичка партија”, изјави вечерва на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

 

,,Денешните избори се доказ дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140.00 гласови не може да се претставува како силна и кредибилна опозиција. Но, проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки, тој е подлабок. Тоа е пораз на политиката што со години произведуваше криминал, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место. СДСМ мора конечно да се соочи со своето минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и од криминалот, нема ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакал. И тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави”, вели Мицкоски.

 

Како премиер тој додаде дека има обврска да упати јасна и државничка порака дека Македонија нема луксуз да губи време на хаос и на деструкција.

 

,,Потребна ѝ е сериозна и одговорна политичка сцена. СДМС мора да се отрезни, да расчисти со своето минато и да престане да биде срам за сопственото членство и за државата. Државата е поголема од секоја партија. Стабилноста е поважна од секој политички интерес. ВМРО-ДПМНЕ ќе продложи со генерирање стабилност и со јасна цел – Македонија да оди напред сигурно и достоинствено”, вели Мицкоски кој оцени дека денешниот изборен ден во четирите општини поминал во демократска, мирна и достоинствена атмосфера.

 

,,И покрај тешките временски услови и техничките предизвици, граѓаните го остварија слободно своето право на глас. Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици ова е вредност што мора да се чува и надградува без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово и Ростуше ВМРО-ДПМНЕ освои убедлива и многу важна победа. Победа повеќе од двојна. Оваа победа е јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати”, рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top