Македонија

Пожар на 10 метри од детска градинка, двајца полицајци повредени

Двајца полицајци се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради вдишување на јаглерод моноксид додека го гаснеле пожарот што избувна денеска попладне во близина на новоизградената детска градинка, сместена во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Бутел.

Двајца полицајци се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради вдишување на јаглерод моноксид додека го гаснеле пожарот што избувна денеска попладне во близина на новоизградената детска градинка, сместена во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Бутел.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, преку социјалните мрежи изрази благодарност до полицајците Дарко Стајковски и приправникот Филип Стојчевски од полициската станица во Бутел, кои храбро учествувале во гаснењето на пожарот, кој тој го опиша како исклучително опасен.

„Секоја чест момци. Ќе се потрудам овој чин да биде забележан од страна на општината со наградување на сите кои учествуваа во гасењето на овој високо заканувачки пожар“, напиша Костовски во својата објава.

Покрај пофалбата до полицајците градоначаникот на општина Бутел нагласи и дека станува збор за подметнат пожар од крајно неразумни луѓе.

„Станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од градинката. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе,“ напиша Костовски на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top