Македонија

Предупредување: Доаѓа силен дожд, град и громови 

Од денеска па сè до петок, во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилно време на повеќе места низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најавени се пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и услови за невреме со изолирана појава на град. Во Скопје денеска попладне, особено во делови од […]

Од денеска па сè до петок, во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилно време на повеќе места низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најавени се пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и услови за невреме со изолирана појава на град. Во Скопје денеска попладне, особено во делови од котлината, ќе има појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Граѓаните треба да бидат повнимателни во случај на електрични празнења, не се препорачува престој на отворено, особено не под осамени дрвја и метални конструкции – информираат од УХМР.

Во четврток времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе се појави изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слична временска слика ќе има и во Скопје. Петок ќе донесе повторна промена, се очекува сончево и топло утро, но попладне повторно ќе се развие нестабилна облачност, со локални врнежи и услови за невреме. Можни се и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Од УХМР апелираат граѓаните редовно да ги следат метео-известувањата и да ги почитуваат препораките.

– Секојдневно ќе ја ажурираме прогнозата на нашата веб-страница и профилите на социјалните мрежи. Во случај на влошување, навремено ќе биде издадено предупредување – додаваат од Управата.

Во текот на викендот, времето ќе биде стабилно, малку посвежо, со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на температурите.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

To top