Македонија

Преку некои работи не може да се премине – Оставка од претседателката на Советот за македонски јазик

Македонистката не открива зошто дава оставка од врвното национално тело кое се грижи за македонскиот јазик

Професорката Симона Груевска денеска поднесла оставка од позицијата претседателката на Советот за македонски јазик.

Груевска не кажува прецизно зошто ја дава оставката но вели дека преку некои работи не може да се премине.

,,Денес поднесов неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Преку некои работи не може да се премине. Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и на членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Им посакувам успешна понатамошна работа”, објави професорката Груевска во врска со оставката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top