Македонија

Премиерот Мицкоски денес на увид во градежните работи на поправката на обиколницата „Крива Паланка “ на државниот пат А 2

Како што веќе соопшти ГП „Гранит“ – изведувачот на работите,, поради овие градежни активности е воведен привремен режим на сообраќај на оваа обиколница во периодот од шест месеци, односно заклучно со јануари 2026 година.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши денес увид во градежните активности на обиколницата „Крива Паланка“ на државниот пат А2. Рехабилитацијата, односно поправката на оваа делница на државниот пат А 2, започна на 11 август 2025 година и ја изведува градежното претпријатие „Гранит“ од Скопје. Како што веќе соопшти ГП „Гранит“, поради овие градежни активности е воведен привремен режим на сообраќај на оваа обиколница во периодот од шест месеци, односно заклучно со јануари 2026 година.

Според прес-службата на Владата на Република Македонија, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите по извршувањето на увидот во градежните работи.


Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top