Македонија

Премиерот Мицкоски денес на увид во санацијата на хидросистемот Ѓавато во Дојран, запуштен цели седум години претходно

Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското езеро се проект на Владата на Република Македонија, на кој му се придава особено внимание.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува денес, на 22 август 2025 година во 11 часот на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во Општина Дојран. Потоа е предвидено да даде изјава за медиумите.

Хидросистемот Ѓавато беше запуштен цели седум години и сега се санираат штетите. Тој функционира и ќе продолжи да функционира.

Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското езеро се проект на Владата на Република Македонија, на кој му се придава особено внимание. Хидросистемот Ѓавато и во иднина ќе биде подложуван на осовременувања и инвестиции во неговото непречено функционирање.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top