Македонија

Премиерот Мицкоски на Самитот 2025 во Скопје

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот 2025 што ќе се одржи во хотелот „Мериот“ Скопје. Премиерот Мицкоски ќе се обрати на панел дискусијата. Поттикнување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на стопанските можности на државата со мудри вложувања, употреба на вештачката интелигенција, повраток на […]

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот 2025 што ќе се одржи во хотелот „Мериот“ Скопје.

Премиерот Мицкоски ќе се обрати на панел дискусијата.

Поттикнување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на стопанските можности на државата со мудри вложувања, употреба на вештачката интелигенција, повраток на инвестициите и значењето на дијаспората во државниот напредок, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, јавува МИА.

Економски стручњаци, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од државава и од странство, како и експерти од научната сфера од многу земји, ќе говорат на панел дискусиите на Самитот, на кој се очекува да присуствуваат приближно 550 гости.

Официјалниот дел на самитот ќе го отворат Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори на Македонија 2025 и Никица Мојсоска Блажески, извршна директорка на Македонија 2025.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top