Македонија

Претставена тематската антологија на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“ на Струшките вечери на поезијата

Средби со Иван Штрпка од Словачка, Матеуш Шимчик од Полска и Катица Ќулафкова и Андреј Анѓелковиќ од Македонија вчеравечер на СВП

Учесниците на 64-тите Струшки вечери на поезијата вчеравечер, на 22 август 2025 година, имаа можност да присуствуваат на поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година и да испијат поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка.

Ги проследија и поетските портрети на Катица Ќулавкова, минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик, и на Матеуш Шимчик од Полска, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2025 година за најдобра дебитантска книга од млад автор

Пред присутните беше претставена и тематската антологија „Дионис и Свети Трифун“, чиј приредувач е истакнатиот македонски поет и есеист Славе Ѓорѓо Димоски. Според приредувачот, оваа тематска како панорама на македонската винска поезија е прво видување на оваа тема во македонската литература воопшто. „Книгата е составена од два клучни дела и еден вовед. Воведниот дел се две песни: едната е од Јордан Хаџи Константинов – Џинот, во која се опева дионизискиот ритуал, а другата е од Матеја Матевски, посветена на Свети Трифун. Тие две песни се двата мотива, што го прават јадрото, од кое се развива книгата. Во првиот дел се песни од преродбата до кодификацијата на македонскиот јазик, а вториот е од кодификацијата на македонскиот јазик, односно од 1945 година па наваму.“ – рече Димоски.


Иако замислата му била да направи антологија на македонската боемска поезија, по неколкумесечни истражувања заклучил дека нема таква класична боемска поезија, а имало значителен број песни посветени на лозата, лозјето, виното и задоволствата од пиењето вино, па затоа решил да ја именува како македонска винска поезија. Содржината е поделена на неколку поглавја, кои содржат своја тема.


Манифестацијата продолжи со поетски читања на поети од платформата Версополис, поетски портрети, со меѓународното поетско читање „Кругови“ и музичко-поетска изведба „Ноќ без интерпункција“. Вчеравечер беше врачена наградата „Млада Струга“ за 2025 година на поетот Андреј Анѓеловиќ.

Во рамките на програмата меѓудругото утре на прес-конференција ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, а традиционално во црквата Света Софија во Охрид ќе има поетски портрет на добитникот на „Златен венец“за 2025 година Иван Штрпка од Словачка.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

To top