Македонија

Струшките вечери на поезијата денес: средби со добитниците на „Златниот венец“ за 2025 Иван Штрпка и Катица Ќулавкова на наградата „Браќа Миладиновци” за 2024

Овој светски познат фестивал на поезијата во Струга ќе трае до 25 август и на него ќе бидат застапени 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, Република Македонија и регионот на Балканот.

За денес, 22 август 2025 година во рамки на програмата на Струшките вечери на поезијата е предвидено во 9 часот и 30 минути поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година, во 10 часот поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2025 година Иван Штрпка, а во 11 часот и 30 минути портрет на академик Катица Ќулавкова, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2024 за најдобрата поетска книга меѓу две изданија на фестивалот „Небото ми е дома“, која излегува во превод на англиски јазик.

Во 12 часот и 30 минути ќе биде претставен и портретот на добитникот на „Мостови на Струга“ за 2025 година Матеуш Шимчик од Полска. Во 14 часот и 30 минути ќе се одржи поетско читање – современа македонска поезија,

Во 18 часот ќе бидат претставени книгите објавени во едицијата Плејади – Антонела Анеда од Италија, а полчас потоа и тематската антологија „Дионис и Свети Трифун“ (панорама на современата македонска винска поезија). Во 22 часот во рамки на Струшкиот фестивал на поезијата ќе биде одржано и меѓународното поетско читање „Кругови“. За во 23 часот и 40 минути е предвидено врачување на наградата „Млада Струга“ за 2025 година, а веднаш потоа и „Ноќ без интерпункција“ како изведба на музика и поезија.

Новина годинава е враќањето на препознатливите содржини, како што се читањата кај споменикот на Свети Климент на плоштадот во Охрид и патувањето со брод и поетското читање во „Свети Наум“. Поетското матине годинава ќе биде во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Покровител на манифестацијата е претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова, а како национална установа е финансирана од Министерството за култура и туризам.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top