Македонија

Превентивна средба со пензионери во Берово за заштита од измами и кражби

Полициски службеници од ОВР Берово одржаа едукативна средба во здружението на пензионери, со совети за самозаштита и апел за навремено пријавување на сомнителни појави на броевите 192 и 112

Во просториите на Здружението на пензионери во Берово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово денеска реализираа превентивна едукативна средба со пензионери. Средбата беше организирана во рамки на превентивните активности на МВР, под мотото „Градиме пријателство – создаваме безбедност“, со цел информирање и заштита на постарите лица од измами, кражби и други имотни деликти.

На присутните како што информираа од ОВР Берово им беше презентирана актуелната состојба со имотни измами на подрачјето на СВР Штип, при што беше посочено дека најчести таргети на ваквите кривични дела се повозрасните лица, кои неретко се доведуваат во заблуда преку лажно претставување и инволвирање на блиски членови од семејството, со цел изнудување парични средства.

-Полициските службеници дадоа конкретни совети за самозаштита, меѓу кои: внимателност при движење на јавни места, задолжително затворање на вратите и прозорците при напуштање на домот, чување на вредните предмети на безбедно место, како и пријавување на секоја сомнителна појава во полиција. Посебно беше нагласено дека не треба да се објавува отсуство од домот на социјалните мрежи, како и никогаш да не се оставаат отклучени врати, се вели во соопштението од беровската полиција.

Во делот на џебните кражби, на пензионерите им беше укажано да носат со себе само неопходна сума пари, паричникот и мобилниот телефон да ги чуваат во предните џебови, а торбите секогаш да бидат затворени. Во случај на сомнеж или забележување на необични детали, како тетоважи, белези или однесување на сомнителни лица, веднаш да се контактира полицијата.

-На присутните им беше потенцирана и од навремена соработка со полицијата и пријавување на сите настани на бесплатните телефонски броеви 192 и 112. За таа цел, беа поделени и летоци со едукативни содржини за препознавање и заштита од измами, провални и џебни кражби, подвлекоа од ОВР Берово.

Од страна на полициските службеници беше нагласено дека ваквите превентивни активности ќе продолжат и во иднина, со цел зголемување на безбедноста и информираноста на граѓаните, особено на повозрасната популација.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top