Македонија

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

Утрово Бирото за јавна безбедност (БЈБ) по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов. Бизнисменот долги години профитираше благодарение на блиските врски со политички и еконoмски центри на моќ Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на […]

Утрово Бирото за јавна безбедност (БЈБ) по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов.

Бизнисменот долги години профитираше благодарение на блиските врски со политички и еконoмски центри на моќ

Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ.

Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.

Опфатени во пријавата се 15 правни и 23 физички лица.

И токму тука започнува да се поставува клучното прашање: Дали конечно се отвора пандорината кутија на струмичката бизнис-политичко-криминална елита?- пишува Плусинфо

ПОВЕЌЕ на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

To top