Македонија

Приведени 12 бугарски државјани во Тетово

Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје, соопшти СВР

 

Полициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија на возраст меѓу 34 и 66 години, кои работеле во зградата.

„Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје“.

„Тие се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци“, велат од Полициската станица.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top