Македонија

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“

Во Основниот кривичен суд во Скопје судењето продолжува со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството

Судењето за случајот „Онкологија 2“ против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, се очекува да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Нино Васев и Нехат Нухи склучувале договори надвор од реалните потреби за Онкологија и ја злоупотребиле довербата од граѓаните и здравствениот систем со цел сопствено богатење.

Обвинителството тврди дека тие наместо во интерес на клиниката и на онколошките пациенти, работеле во свој личен интерес и во интерес на приватни компании.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште рече дека поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Васев и Нухи, не постапувале во интерес на јавната установа и на пациентите, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании, и со своите дејствија ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес.

Васев и Нухи пред судот тврдат дека ќе докажат дека сите набавки на лекови ги правеле законски.

„Цел живот работам на клиниката за Онкологија и целта ми била да се спасат човечки животи. Економското вештачење е направено и потпишано од двајца медицински и економски директори на клиниката кои беа разрешени на мое барање“ рече Васев.

„Мојата невиност во случајот ќе произлезе од материјалните и вербалните докази кои ќе ги изведеме. Ќе се види какви пропусти направило Јавното обвинителство и зошто сите рокови во истрагата беа пробиени“ рече Нухи.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top