Македонија

Судењето за финансиските злоупотеби на Клиниката за Онкологија почна – Обвинетите Васев и Нухи негираат вина

Судење за „Онкологија2“

Нино Васев и Нехат Нухи склучувале договори надвор од реалните потреби за Онкологија и ја злоупотребиле довербата од граѓаните и здравствениот систем со цел сопствено богатење. Обвинителството тврди дека тие наместо во интерес на клиниката и на онколошките пациенти, работеле во свој личен интерес и во интерес на приватни компании. Почна судењето за финансиските злоупотреби на Клиникатаза онкологија, обвинителсатвото ќе докажува дека за тоа одговорни се  двајцата поранешни директори. Васев и Нухи негираат вина.

Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба обвинетите предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски.. При одобрувањето на терапиите Васев не зел предвид дека клиниката располага со доволна количина на лекови за пациентите. Дел од лековите не ги аплицирал на пациентите за кои биле наменети,  изјави Гоговска Јакимовска.

Васев и Нухи пред судот тврдат дека ќе докажат дека сите набавки на лекови ги правеле законски.

„Цел живот работам на клиниката за Онкологија и целта ми била да се спасат човечки животи. Економското вештачење е направено и потпишано од двајца медицински и економски директори на клиниката кои беа разрешени на мое барање“ рече Васев.

„Мојата невиност во случајот ќе произлезе од материјалните и вербалните докази кои ќе ги изведеме. Ќе се види какви пропусти направило Јавното обвинителство и зошто сите рокови во истрагата беа пробиени“ рече Нухи.

Во меѓувреме, во ќелијата во Шутка каде Васев издржува мерка притвор, биле пронајдени три телефони од затворските чувари. Судот добил известување за тоа, но ексдиректорот пред судијката Славица Наумовска Јосифовска тврдеше дека ниту еден не е негов.

-„Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“ – рече Васев.

Обвинителството Васев и Нухи, ги товари дека за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката.

https://youtu.be/qlG2fOxVMCI

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top