Македонија

Промовирана монографијата „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и нацијата“ на Ганка Цветанова

Промовирана монографијата на Ганка Цветанова

facebook.com/siljanovskadavkova

На промоцијата на новата монографија „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и нацијата“, професорката Ганка Цветанова истакна дека делото на Крсте Петков Мисирков претставува многу повеќе од историски документ, нагласувајќи ја неговата длабока теориска вредност.

Според неа, уште во 1903 година, Мисирков го направил првиот научно аргументиран обид за стандардизација на македонскиот јазик, со што ги поставил темелите на политичката легитимност на македонската нација. Таа потенцираше дека автономијата на Македонија претставува централна идеја во неговото творештво, но не како цел сама по себе, туку како средство за зачувување на националната самобитност.

Во рамки на истражувањето, Цветанова го отвора прашањето дали Мисирков треба да се гледа исклучиво како историска личност или како мислител кој длабоко ги разбирал општествените, политичките и културните процеси поврзани со создавањето на македонската нација. Таа нагласи дека неговото дело содржи елементи на рана социолошка мисла, што го позиционира како еден од основоположниците на македонската научна и општествена мисла.

Монографијата воспоставува дијалог меѓу современите теориски пристапи и идеите на Мисирков, при што се нагласува нивната далекусежност и актуелност. Иако создадени во поинаков историски контекст, неговите концепции, според авторката, ги надминуваат временските рамки и ги предвесуваат современите научни согледувања.

Цветанова оцени дека Мисирков не бил само сведок на своето време, туку и визионер, кој уште пред појавата на модерните теории за нацијата и пред создавањето на македонската држава, ги формулирал клучните идеи за национален идентитет и државност.

Истражувањето започнало во 2020 година, а неговата промоција се одржува во годината кога се одбележуваат сто години од смртта на Мисирков.

На настанот, покрај авторката, присуствуваа и бројни јавни личности, меѓу кои претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, како и други претставници од академската и политичката јавност.

facebook.com/siljanovskadavkova

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за свесна злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ , како и против лицето Б.К. (46) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Најнови вести

To top