Македонија

Пронајдени лицата кои се правеа мангупи на „Партизанска“

Се возел на покрив на „голф“со што ја загрозил сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот

Пронајдени се лицата по објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на покривот од возилото се вози лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото, лицето кое го управувало со иницијали С.Ф. како и лицето А.И. кое бил на покривот на возилото.

За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата, извести МВР.

Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.

Најнови вести од: Македонија

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

To top