Македонија

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

До доцна во ноќта истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање. Жителите на општината вознемирено сведочат како било откриено телото.

Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање. Неофицијално – не е исклучена можноста од насилна смрт. Телото веднаш е предадено на обдукција.

Од МВР соопштија дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот. Во истрагата се вклучи и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, кој излегол на терен и наредил понатамошни дејствија.

Обдукцијата треба да помогне да се утврдат причините за смртта, но и временската рамка во која таа настапила. Тоа е клучно и за идентификацијата и за насоката во која ќе се движи истрагата.

Жителите во Зрновци се потресени и велат дека никој од нивното село не бил пријавен за исчезнат ниту, пак, се барал.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top