Македонија

Психопатија и садизам – Дали ВМРО-ДПМНЕ ги пишува соопштенијата на СДСМ (ВИДЕО)

Кој е овде психопат, кој е садист, кој е лажго а кој нервозен – Зошто молчи Здружението на новинари за нападот на Филипче врз новинар

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција индиректно порача дека навредите и лошиот јазик кои може да видат во соопштенијата на неговата партија е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа Филипче практично отвори дилема дали ВМРО-ДПМНЕ ги пишува соопштенијата во кои неговата партија шири грозоморни работи за новинари.

Богдан Илиевски во неговото шоу анализира што кажува Филипче кога е запрашан дали тој би ги повторил навредите кои неговата партија ги користи за новинари.

Фатен ,,во тесно” Филипче го нападна новинарот Матеја Петровски обвинувајќи го дека со поставување прашања шири вмровска пропаганда иако новинарот зборуваше за соопштенија на СДСМ.

Здружението на новинари на Македонија молчи а молчи и Синдикатот на новинарите иако Петровски беше навредуван етикетиран и беше спречен да ја заврши работната задача.

Најнови вести од: Македонија

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

To top