Македонија

Путин го ослободи од должноста амбасадорот во Македонија, Баздникин

Шефот на дипломатското претставништво на Русија во Скопје си заминува по седум години на функцијата

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој го ослободи Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија.

„Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, се вели во документот објавен на порталот за правни акти.

Не е прецизирано кои се причините за отповикувањето на Баздникин – дали станува збор за ротација, дипломатски проблем или промена во руската надворешна политика.

Баздникин (58) ја предводи амбасадата во Скопјe од 2018 година. За време на неговиот мандат се појавија дипломатски проблеми меѓу двете земји, откако во 2022 година, по почетокот на војната во Украина, руски дипломати беа протерани од Македонија.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top