Македонија

Работи радарот на скопскиот аеродром, според премиерот лага е дека е вон функција

Си работат радарите, сè си е функционално. Сè си функционира нормално, рече премиерот Мицкоски, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно шири дезинформации и создава непотребна паника кај граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека радарските системи за контрола на летање функционираат нормално и дека во јавноста се пласираат неточни информации за наводен прекин на нивната работа.

  • „Си работат радарите, сè си е функционално. Сè си функционира нормално“, рече Мицкоски, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно шири дезинформации и создава непотребна паника кај граѓаните.

Изјавата на премиерот доаѓа по информациите дека македонското небо повторно е без радарска покриеност, што според достапните податоци требало да трае до околу 11:30 часот.

Според информациите од дел од медиумите, ваквите прекини значат доцнења од околу еден до еден и пол час за авионите, како при слетување, така и при полетување, што има директно влијание врз авиосообраќајот. И покрај овие информации, од Владата уверуваат дека безбедноста на авиосообраќајот не е доведена во прашање и дека системите функционираат согласно процедурите, додека опозицијата, според Мицкоски, свесно пласира неточни тврдења за политички поени.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top