Македонија

Радев до Македонија: Многу е едноставно, треба само да ги вклучат Бугарите во Уставот

Бугарскиот премиер од самитот во Тиват со старо-нова порака до, како што рече, „браќата од Северна Македонија“

Бугарскиот премиер Румен Радев од самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват со нова порака со стара содржина до, како што рече, „браќата од Северна Македонија“.

„Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ. Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“, порача Радев.

„Не можеме да си дозволиме да ги компромитираме Копенхашките критериуми за членство поради сложената геополитичка состојба. Бидејќи ако сега вештачки, со брзање ги ‘изгаснеме’ тие проблеми. Тие ќе се појават по години во европското семејство. Ние не сакаме тоа да се случи и нема да го дозволиме“, категоричен беше претседателот на Министерскиот совет на Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top