Македонија

Ратко Младиќ, пресуда за ОВК, Децата на Козара, Цар Самоил – како Балканците пак се насамарени

Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и верувајте повторно претставени како непоправливи глупчовци

Пишува Драган Милосављевиќ

 

Не откривам голема тајна ако кажам дека нешто дебело не чини со балканските плем…се извинувам, народи. Векови наназад, со кратки исклучоци, питомиот и паметен словенски човек е притсикан, залудуван, малтретиран и омаловажуван од помоќните и побогатите, се додека од него не направиле маша, орудие во туѓи раце и елемент што доброволно работи на сопствена штета.

Да набројувам историски примери би одзело многу време, а нема ни потреба од такво нешто. Затоа, еве предлагам, да се соочиме со актуелниот миг. Со последните месец и половина. Прво, во Хаг почина Ратко Младиќ. Од неговиот погреб на Балканот се изродија повеќе нервоза, клетви и хистерија отколку што, да речеме во Данска, се случуваат за добри десет години. Власта во Белград, за сопствени политички потреби, направи церемонија која беше осудена од дел од српската јавност, „ги шокира“ бирократите во Брисел, а во соседните земји беше дочекана со салва хистерија, протести и да не се лажаме, едвај дочекана можност, за покажување омраза. Работите дојдоа дотаму што Хрватска и Федерацијата БиХ ги спуштија односите со Србија до ниво на речиси непријатлество.

Само што се стивна прашината од Младиќ, дојде пресудата за воени злосторства против Хашим Тачи и останатите од водството на ОВК. Протести, колнење на судиите во Хаг, кршење по Приштина кое чинам трае се уште. Интересно, албанските интелектуалци, вклучтелно и тие во Македонија, кои паѓаа во несвест поради погребот на српскиот злосторник, одненадеж пронајдоа доволно доблест “нивните“ воени злосторници да ги прогласуваат за неправедно осудени херои и речиси маченици. Односите меѓу Србите и Албанците дополнително се заострија, а Македонија, по некоја безобразна инерција беше втурната во целата приказна со закани дека „ќе гори“ и со очекувања да избере страна во целата лакрдија.

И додека приказната со тазе воените злосторници и натаму се влече, излезе филмот „Златен рез 42, децата од Козара“,  на познатиот хрватски режисер Лордан Зафрановиќ, во кој се прикажани страшните, чудовишни злосторства на усташите врз српските деца во текот на Втората светска војна. Во Србија, премиерата беше искористена за политички маркетинг (веќе видено), а во Хрватска, каде претходно се лелекаше поради Младиќ, одеднаш клетви кон „предавниците“ – режисерот Зафраноиќ но и одличниот актер Рене Биторајац затоа што прифатил да ја игра улогата на усташкото чудовиште Вјекослав Макс Лубуриќ. Бидејќи усташките злосторста не се ни случиле, се разбира, а „изродите“ уметници ја прифатиле српската пропаганда. И ајде пак, канонада клетви, вриштење-пиштење, нова прилика за крв меѓу народите.

Одвај се соочивме и со таа глупост, кога ете ги Бугарите. Од Грците, случајно хех, ги добија коските на Цар Самоил (дали навистина се тоа остатоците на владателот од Охрид кој знае) и два дена правеа фешти. Те Самоил „се враќа конечно дома“, те војска се шета со ковчежето, те воени авиони прелетуваат, те врвни политичари испрќаат пораки за славното бугарско историско наследство. И нормално, ступидни закани кон Македонија. Ќе видите вие, има да доаѓате во Софија да се поклонувате на бугарскиот цар Самоил или нема ЕУ! Зошто побогу? Кој е вашиот проблем, соседи? Инаку, за воља на вистината, Македонците исто така не се имуни на балкански будалаштини. И овде имаме  ликови кои се подготвени да слават воени злосторства, елементи кои се залажуваат со божицата Ма и богот Ѕе, карактери желни да замразат уметници поради некакви политички гревови, но за среќа ова друштво е сепак помало отколку кај нашите соседи. Или барем јас наивниот сакам така да верувам.

И занате што е најсмешно, односно најтрагично во целата приказна? Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и повторно претставени како непоправливи глупчовци во драмолетката чија вистиснка намена не можат ниту да ја препостават. А велат, историјата била учителка на животот. Тешка работа.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Најнови вести

To top