Македонија

Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи непримерен дискурс, рече Муцунски за јавните настапи на СДСМ

Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини – истакна министерот Муцунски при посетата на организацијата „Македонија 2025“.

Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи таков наратив и терминологија, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во одговор на новинарски прашања поврзани со соопштенијата и јавните настапи на опозицискиот СДСМ.

  • Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини – истакна министерот Муцунски при посетата на организацијата „Македонија 2025“.

Тој нагласи дека критиката е легитимен дел од демократскиот процес, но дека постои јасна разлика помеѓу аргументирана критика и непримерен јавен дискурс.

  • Едно е да имате критика и да укажете како нешто може да се направи подобро, а сосема друго е да се користи наратив кој е неприфатлив за една сериозна политичка партија. Особено е разочарувачки тоа да доаѓа од опозициска партија предводена од универзитетски професор – додаде Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top