Македонија

Реконструкција на Владата: Мицкоски најавува имиња до крајот на неделата

Тој оцени дека првичните разговори меѓу владините коалициски партнери се одвиваат во конструктивна атмосфера и најави нови средби во текот на неделата.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека до крајот на неделава треба да бидат познати кадровските решенија и останатите детали од најавената реконструкција на Владата.

Тој оцени дека првичните разговори меѓу владините коалициски партнери се одвиваат во конструктивна атмосфера и најави нови средби во текот на неделата.

„Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, очекувам тие да бидат завршни, а во текот на викендот сето тоа да се формализира и со имиња и со останатите специфики“, изјави Мицкоски.

Според најавата, конечниот договор се очекува да биде постигнат до викендот, на 27 и 28 јуни, кога треба да се знае кои функционери ќе бидат дел од реконструираниот владин состав.

Мицкоски потврди дека во разговорите се разгледувала и можноста за промена на одредени ресори. Засега не се открива кои министерства би можеле да добијат нови раководства, ниту дали реконструкцијата ќе опфати поширока прераспределба на надлежностите меѓу коалициските партнери.

Во политичките кругови и во јавноста сè погласни се шпекулациите околу можните кадровски промени. Најчесто се споменуваат министерот за спорт Борко Ристовски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи кој веќе си поднесе оставка.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top