Македонија

Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар

Дознајте повеќе за медицинските производи на база на канабис

„Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година.

КА информативниот центар е дел од определбата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите сегменти на своето работење, вклучително и во комуникацијата со потрошувачите и сите заинтересирани страни, на кои ќе им овозможи прецизно да се информираат за сите аспекти поврзани со производите Каноил и Канабо на база на медицински канабис. Центарот е лоциран на улица „Свети Кирил и Методиј“, спроти трговскиот центар „Рамстор“ и ќе работи од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.

На свеченото отворање на КА информативниот центар присуствуваа доктори, претставници на здравствени институции, како и партнери на компанијата. Заменик генералниот директор и директор на маркетинг и продажба на „Реплек“, Коста Котески, истакна дека отворањето на КА информативниот центар означува нова етапа во развојот на „Реплек“ и во односот со потрошувачите, како и со стручната јавност.

– Кога во 2016 година инвестиравме во нов фармацевтски сегмент – развој на производи на база на медицински канабис, бевме пионер во регионот, меѓу првите кои го препознаа потенцијалот на оваа област, иако пазарот реагираше скептично. Нѐ водеше потребата на потрошувачите за квалитетна, контролирана и јасно дефинирана палета на производи. Денес, девет години подоцна, ова портфолио е еден од нашите најдинамични и најиновативни сегменти. Со ребрендирањето на нашите производи – Каноил маслата и Канабо производите – под слоганот „Биди во свој елемент. РЕ-поврзи се одвнатре и однадвор“, ние ја нагласуваме нашата визија за едукација и иновација, како и нашата мисија да го поддржиме секој потрошувач и секој кој сака да се информира со точни и проверени податоци. Тоа е наша одговорност и наш приоритет. Продолжуваме да се развиваме, да инвестираме и да поставуваме високи стандарди – потенцира Котески.

Директорот на оператива на „Реплек“, Марјан Велковски, се осврна на историјатот и стандардите на производството на портфолиото на база на медицински канабис. Тој истакна дека „Реплек“ е предводник во овој сегмент – и според стандардите, и според капацитетот да обезбеди квалитетни, безбедни и прецизно формулирани производи за пазарот, поткрепени со силна експертиза на тимот.

Менаџерката за маркетинг на „Реплек“, Ивана Емел Анастасовски, ги претстави ребрендираните линии на производи – Каноил маслата и Канабо производите – и го истакна нивното значење во надминување на стереотипите за употребата на ваков тип производи и значењето на Центарот како проект на „Реплек“ кој треба да им даде поддршка на потрошувачите, овозможувајќи нивна подобра и правилна информираност за производите на база на медицински канабис (ЦБД).

Со отворањето на овој центар „Реплек“ уште еднаш ја потврди својата определба и континуитет за иновации и развој, како и за одговорна комуникација за сегментот производи на база на медицински канабис.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Жителите на тетовска Стримница бараат итна помош, поплавени им се куќите и загрозена им е безбедноста (Видео)

„Реката Вардар се излеа од коритото во селото Стримница, во општина Желино, во тетовскиот регион, предизвикувајќи поплави и материјални штети на некои куќи. Според жителите, водата им навлегла во визбите на куќите, загрозувајќи ги нивниот имот и безбедноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Излеани реки и поплави низ Македонија: оштетени патишта, евакуација на населението

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија Македонија, на повеќе места се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава.

Најнови вести

To top