Македонија

Ристески: Да беше СДСМ сериозна партија ќе беше дел од лидерската средба

На државата ѝ е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДС е сериозна партија нема да си дозволи да води ваква деструктивна политика

,,Мене ми е драго што денес видовме конечно една ваква конструктивна средба, видовме кога сите лидери на параламентарните политички партии седнаа, освен СДС, на иста маса и покажаа дека во Република Македонија може да се отвори нормален дијалог, нормална дебата по важни политички и економски прашања.

Мислам дека ова е вистинскиот начин, тоа го кажа и претседателот на Владата, дека овие средби ќе продолжат, ќе продолжи да се разговара по сите клучни прашања во државата“, изјави Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше гостин во синоќешната емисија Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за лидерската средба која се одржа вчера.

,,Местото денес на претседателот на СДС, ако е сериозна политичка партија и сериозен лидер, беше заедно на масата со сите политички лидери, да го искаже своето задоволство, незадоволство, да предложи законски решенија, како што тоа го направија и другите лидери на политичките партии“, посочи Ристески и додаде:

,,Сите политички партии, но и сите политички аналитичари, независни, кажаа дека на СДС местото денес беше на таа маса, бидејќи само СДС како сериозна политичка партија не смее да си дозволи ваква деструктивност“.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top