Македонија

Ристески: Синдикатите и работодавачите да се договорат за минимална плата – Владата ќе прифати

Тој нагласи дека Владата е за покачување на минималната плата, но врз основа на реални економски параметри и актуелната состојба во земјава.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска изјави дека Владата е подготвена да го прифати договорот за минимална плата што ќе го постигнат Сојузот на синдикатите и работодавачите на преговарачка маса.

„Она што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, Владата ќе го прифати“, рече Ристески и додаде дека до постигнување на нов договор важи постојната формула од трипартитниот договор од 2022 година.

Тој нагласи дека Владата е за покачување на минималната плата, но врз основа на реални економски параметри и актуелната состојба во земјава.

„Најголемиот товар ќе оди на приватниот сектор каде се 600.000 вработени. Владата е работодавец на околу 100.000 вработени во администрацијата. Сè додека не се договорат, важи постојната формула што е вклучена во Законот за минимална плата од трипартитниот договор во 2022 година“, објасни Ристески.Ристески истакна дека Оперативниот план за вработување (главно млади лица) лани дал одлични резултати со реализација од 90% од 40 милиони евра. Годинава планот стартува порано – од март – со повеќе средства и поатрактивни мерки.

„Очекуваме преку 16.000 лица, претежно млади невработени до 29 години, да се вработат во текот на оваа година. Ги повикувам младите да ги користат овие мерки“, рече тој.

Заменик-министерот најави многукратно зголемување на казните за трговците што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики – од сегашните 20.000 евра на потенцијално до 200.000 евра, вклучително и казнување на добавувачите.

„Направени се голем број контроли од КЗК, откриени се неправилности. Досега се изречени казни од околу 200.000 евра – сметаме дека е многу малку. Инсистираме на промени во казнената политика“, потенцира Ристески.

По два месеца од стапувањето во сила на Законот за работно ангажирање лица (за сузбивање на сивата економија во угостителство, земјоделство и услужни дејности), Ристески очекува видливи резултати.

„Очекуваме да бидат опфатени околу 15.000 лица. Официјална промоција на Законот ќе има на 3 февруари, а потоа ќе почне кампања низ цела Македонија – на лице место ќе им се објасни на работодавачите како да го искористат“, најави тој.

Годинава младинскиот додаток за млади до 23 години ангажирани во производните дејности се зголемува од 3.000 на 5.000 денари. Вкупната вредност на средствата е 210 милиони денари, а исплатата оди преку Агенцијата за вработување.

„Од 2020 година овој додаток го искористиле околу 19.000 млади лица, просекот годишно е над 3.000. Сега очекуваме над 3.500 млади да работат во производните дејности“, заклучи Ристески.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top