Македонија

Рокас повика на политичко обединување за напредок кон ЕУ

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, повика на поголемо политичко обединување и меѓупартиска соработка за да се завршат неопходните чекори за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, повика на поголемо политичко обединување и меѓупартиска соработка за да се завршат неопходните чекори за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Говорејќи на конференцијата организирана по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и 25-годишнината од Договорот за стабилизација и асоцијација, Рокас истакна дека ЕУ останува најважен економски и политички партнер на земјата, нудејќи поддршка преку инвестиции, програми и различни фондови.

„Актуелните предизвици не се само технички, туку и политички, и бараат решителност и поголема меѓупартиска соработка. Недостасува прагматизам и желба за обединување низ целиот политички спектар за да се донесе конечната одлука“, рече Рокас.

Од своја страна, првиот заменик-премиер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на земјата и дека реформите веќе даваат конкретни резултати во клучни области како владеењето на правото и економијата.

„Пред 30 години нашиот однос со ЕУ започна како визија, пред 25 години се зацврсти со формален договор, а денес е динамична структура ориентирана кон резултати. Нашата амбиција е полноправно членство, ништо помалку. Северна Македонија ѝ припаѓа на Европската Унија – политички, економски и географски“, порача Сали.

Тој додаде дека ЕУ е посилна, покредибилна и поцелосна со земјите од Западен Балкан внатре.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top