Македонија

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина ( World Environment Day 2026 ), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од климатска акција

Со оваа иницијатива, рудникот Саса и официјално се приклучи кон глобалното одбележување на Светскиот ден на животната средина, во рамки на кое годинава се организираат над 2200 настани ширум светот посветени на заштитата на животната средина и климатската акција. Иницијативата, која се реализираше во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица, имаше за цел преку практични активности и едукација да ги вклучи младите во заштитата на природните вредности на Осоговските Планини, чии делови се прогласени за заштитено подрачје.

Во рамки на проектот, ученици од средното училиште, заедно со тимот за заштита на животна средина и претставници од програмите за стручно образование од Рудник Саса, изработија куќички за птици и засолништа (т.н. „хотели“) за корисни инсекти и диви пчели, користејќи природни и реупотребливи материјали. На Светскиот ден на животната средина, за учениците беше организирана настава во природа во шумско подрачје на Осоговските Планини.

На овој час во природа, претставниците од тимот за животна средина на Саса, нивниот професор по биологија и претставниците од ЈП „Национални шуми“ ги запознаа учениците со значењето на Светскиот ден на животната средина, климатските предизвици, потребата од климатска акција и важноста на зачувувањето на биодиверзитетот. Учениците имаа можност да се запознаат со природните вредности на Осоговските Планини, специфичните растителни и животински видови, значајните живеалишта и уникатната поврзаност помеѓу човекот и природата во овој предел.

Активностите завршија со поставување на претходно изработените куќички за птици и засолништа за инсекти и диви пчели на соодветни локации во шумското подрачје, определени од страна на претставниците на ЈП „Национални шуми“.

„Веруваме дека заштитата на животната средина започнува со едукација, личен пример и активно вклучување на младите. Преку вакви иницијативи сакаме да поттикнеме поголема свест за поврзаноста помеѓу биодиверзитетот, климатските промени и одговорното управување со природните ресурси“, велат од Рудник Саса.

Оттаму посочуваат дека оваа иницијатива е само една од многуте активности што рудникот континуирано ги реализира со цел унапредување на еколошката свест, поддршка на локалната заедница и промовирање на заедничка одговорност за заштита на животната средина. Во последните неколку години, во Рудник Саса се инвестирани повеќе од 100 милиони американски долари за модернизација на работењето на рудникот, вклучувајќи и капитални развојни проекти. Овие инвестиции овозможија Рудник Саса да работи поефикасно, побезбедно и поодговорно кон животната средина, преку структуриран систем за заштита на животната средина согласно законските барања, најдобрите достапни техники и најсовремените меѓународни стандарди во рударската индустрија.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top