Македонија

Русковска: Не ги знаев казните за „27 април“ и не се договарав со Заев

Поранешната јавна обвинителка и поранешна шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска демантира дека заедно со екс-премиерот Зоран Заев се договарале кој да биде обвинет за настаните од „27 април“. „Самиот Заев за организаторите рече дека не се виновни и дека биле изманипулирани. И сега он ги пишувал казните? Секој […]

Поранешната јавна обвинителка и поранешна шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска демантира дека заедно со екс-премиерот Зоран Заев се договарале кој да биде обвинет за настаните од „27 април“.

„Самиот Заев за организаторите рече дека не се виновни и дека биле изманипулирани. И сега он ги пишувал казните? Секој може да каже што мисли, но јас тврдам дека казните не ги знаев. Најодговорно тврдам.

Апсолутно не (сум примала влијание за кој да биде обвинет за 27 април). Јас имав кажано некаде кога течеа завршните зборови и пред новинари кажав дека или ќе биде ослободителна пресуда или ќе бидат високи казните.

Тука нема средина. Минимумот е многу висок“, кажа Русковска во поткастот „Основано сомнение“, додавајќи дека нејзината изјава била извртена, пренесува „Локално“

За сега веќе починатиот Игор Југ, за кого во обвинението за настаните се вели дека имал задача да го убие Заев, Русковска вели дека тој имал пиштол, според сведок кој изјавил дека му паднал пиштолот. Имаше доволно снимки, посочи екс-обвинителката.

„Имаше следење на комуникации кои не смеевме да ги презентираме како докази на барање на ОЈО до Врховен суд. Според тогашниот закон за следење на комуникации, таа комуникација не можеше да се презентира пред судницата. Не можеше поединечно. Овој не направил ништо, на крај ќе излезе дека никој не направил ништо“ , рече меѓу другото Русковска пренесува порталот „Локално“.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top