Македонија

Самофалбите на „Живата легенда“ Ахмети, кој „со албанското востание и Охридскиот договор удри камен-темелник на албанската државност“ во РМ?!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пак говори за „албанска државотворност во Македонија“, а исто така и албанската министерка за надворешни работи Елиса Спиропали во текот на својата посета овде ги прогласи „33-те проценти Албанци во РСМ како државотворен народ“, иако во унитарна Република Македонија само македонскиот народ е државотворен и конститутивен народ,. Случајност, или „симптоматично совпаѓање“ во изјавите меѓу Ахмети и Спиропали?!

„Албанците од дискриминирани станаа државотворен чинител, пред една и пол година ја оставив Македонија со албански премиер. Генералот на НАТО Кларк ме прогласи како жива легенда, а многу национални и меѓународни личности ме прогласија и како лидер на Албанците!“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења вечерва.

Телевизијата наведува: Лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Дебата“ изјави дека „тоа што си на власт не те прави претставник на Албанците, ниту мисионер на Албанците“. Тој рече дека „ниту тој се прогласил себеси како лидер на Албанците, ниту неговата партија го прогласила како таков лидер“, туку дека „овој епитет му го дале многу личности, и национални и меѓународни“.

„За мене, тоа е чест, што им се укажува на Албанците од РСМ, а јас немав никаков брифинг со генералот на НАТО Кларк, тој да ме нарече жива легенда! Вистина е дека преживеав многу големи настани во историјата на албанската нација од 20 век и почетокот на 21 век.“ – посочи Али Ахмети.  Тој напомна дека „не е важно како самиот се чувствува“, туку „оти е важно како го оценуваат Албанците“.

„Ја најдов Македонија со окупирани Албанци, со дискриминирани Албанци, ја најдов со луѓе убиени за знамето, ја најдов со луѓе убиени за високо образование, а Охридскиот договор го постави камен-темелникот на албанската државност, но овој договор немаше да биде постигнат без албанското востание, без борците на УЧК. Денес, Албанците имаат свои вредности овде, но овие вредности и оваа пролеана крв мора да ги заштити секој Албанец, не само оние, кои ја организираа промената на политичкиот и правниот статус на Албанците, не само членовите на УЧК.“ – истакна лидерот на ДУИ Ахмети.

Тој изјави дека „ја оставил Македонија со премиер-Албанец пред година и пол“. „Можеби Албанците не го имаа видено тоа ниту во своите соништа!“ – рече Ахмети, објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top