Македонија

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес ја претстави Galaxy S26 серијата, поддржана од најинтуитивното, проактивното и прилагодливо Galaxy AI[1] искуство, дизајнирана за да ги поедностави задачите кои луѓето секојдневно ги извршуваат на своите телефони. Од менаџирање на плановите и пронаоѓање на информации, до зачувување и усовршување на содржини, Galaxy S26 го намалува бројот на чекори кои се потребни да се преземат за да се заврши одредена задача. Како трета генерација на “Samsung” AI телефони, Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra се справуваат со комплексните задачи во позадина, а на корисникот му овозможуваат да се фокусира на резултатите, наместо за тоа како функционира технологијата.

Серијата S26 е направена со најнапредните “Samsung” способности кои функционираат како едно: неверојатни перформанси, водечки во индустријата камера – систем и Galaxy AI. Ова создава стабилна основа со која Galaxy S26 им дава на корисниците увереност дека можат да се потпрат на својот телефон во текот на денот без да се грижат за приватноста и безбедноста.

Надградувајќи на долгогодишната “Samsung” иновација на во технологијата за екраните, Galaxy S26 Ultra го претставува првиот во светот вграден “Privacy Display” екран за мобилни телефони, за да креира нова класа на искуства со екраните и да ја зајакне посветеноста  на “Samsung’’ кон приватноста на ниво на пиксел. Galaxy S26 Ultra исто така нуди приспособен чипсет и подобрено термално управување кое овозможува побрза и помоќна вештачка интелигенција, сето ова спакувано во најтенкиот Ultra уред досега.

Заедно, овие одлуки овозможија Galaxy S26 серијата да овозможи најмоќно мобилно искуство досега.

„Веруваме дека вештачката интелигенција треба да биде нешто на што луѓето ќе може да се потпрат секојдневно, дизајнирана да работи конзистентно за сите и без потреба од експертиза.“ – изјави ТМ Рох (TM Roh), Извршен Директор, Претседател и Раководител на одделот за искуство со уреди (Device eXperience – DX) во „Samsung Electronics“. „Со Galaxy S26 серијата, се фокусиравме да направиме вештачката интелигенција да се доживее без напор, работејќи тивко во позадина, за да можат луѓето да се фокусираат на она што е навистина важно.“.

 

Моќни перформанси дизајнирани за секојдневна употреба

Направена за издржливост во текот на целиот ден, Galaxy S26 серијата го има најмоќниот хардвер досега на Galaxy S серија, поддржан од приспособен чипсет. Низ целата серија уреди, Galaxy S26 серијата е создадена за AI перформанси, ефикасност на моќност и термално управување, овозможувајќи задачите кои побаруваат повеќе ресурси да работат непречено и конзистентно, а корисниците да можат да се потпрат на својот уред кога им е потребно.

Кај Galaxy S26 Ultra, прилагодениот мобилен процесор “Snapdragon® 8 Elite Gen 5 Mobile Platform за Galaxy[2]ги нуди најдобрите перформанси во својата класа досега со значителни подобрувања кај централната процесорска единица (CPU), графичката процесорска единица (GPU) и невралната процесорска единица (NPU), поддржувајќи побрзи, непречени искуства кои траат во текот на целиот ден.

 

 

Перформансите на централната процесорска единица се зголемија за 19%[3], што значи дека Galaxy S26 Ultra одговара брзо и паметно, притоа истовремено може да реши повеќе сложени задачи. Подобрената работа на невралната процесорска единица за 39% постојано ги движи функциите на Galaxy AI кои работат беспрекорно, овозможувајќи им на корисниците да се префрлаат од една на друга задача без застој и прекин. Надополнувањето на перформансите на графичката процесорска единица за 24% дава побогати визуелни елементи и пофлуидно искуство при играњето игри.

За да се задржи нивото на перформанс, Galaxy S26 Ultra воведува редизајнирана „Vapor Chamber“ комора за ладење со термички материјал на интерфејсот поставен од страните на процесорот, што овозможува топлината да се шири поефикасно низ поголема површина. Ова го подобрува[4] ослободувањето на топлината за да го одржи уредот ладен и конзистентен, дури и при активности како: играње игри, извршување повеќе операции одеднаш или снимање видеа. За да поддржи целодневна употреба, Galaxy S26 Ultra има Супер брзо полнење 3.0 (Super Fast Charging 3.0), намалувајќи го времето на полнење и достигнувајќи 75% полна батерија за 30мин[5].

Во самиот процесор се интегрирани сопствените технологии на компанијата “Samsung” за подобрување на визуелните перформанси.ProScaler”[6] го подобрува скалирањето на сликата, па фотографиите изгледаат побогато и појасно преку изострување на текстот и деталите, како и со поглатки текстури. Дополнително, мобилниот мотор за дигитална природна слика (mobile Digital Natural Image engine – mDNIe) на „Samsung“ овозможува посуптилни и реални бои благодарение на обработката на слика со четирипати поголема прецизност во споредба со претходната генерација.

Заедно, овие подобрувања овозможуваат сигурни перформанси во текот на целиот ден, правејќи секоја активност да биде доживеана со леснотија.

Водечки во индустријата Galaxy камера систем

Galaxy S26 серијата го има истиот фокус на интуитивна интеракција за креативност и продуктивност, овозможена преку водечкиот во индустријата Galaxy систем на камери. Со пристап кој го интегрира снимањето прекрасни фотографии и видеа, уредувањето и споделувањето содржини во едно беспрекорно искуство, креативноста е поприродна и подостапна, дури и без професионални алатки или техничко познавање.

Кај Galaxy S26 Ultra, пошироките отвори на објективот на камерите[7] овозможуваат повеќе светлина да достигне до сензорот, обезбедувајќи појасни фотографии, богати детали во услови на слаба осветленост, дури и при зумирање. Функцијата “Enhanced Nightography Video[8] ги прави снимките појасни и поживописни дури и кај затемнети сцени, без разлика дали снимате концерти во затворен простор или моменти околу логорски оган по зајдисонце. Снимањето видео е дополнително унапредено со надграденитеSuperSteady” [9] можности, кои додаваат опција за хоризонтално заклучување за поголема стабилност и полесно постигнување на конзистентно кадрирање, дури и на нерамни патеки или при брзи активности. Galaxy S26 Ultra е првиот Galaxy уред кој поддржува “APV”, нов видео кодек на професионално ниво, дизајниран да овозможи ефикасна компресија за висококвалитетни продукциски процеси. Оптимизиран за напредни креатори, кодекот овозможува видео квалитет без визуелни загуби, а видеото останува автентично дури и по повеќекратно уредување.

 

 

Подобрувањата на  “AI ISP”[10] процесорот за обработка на сигнали од слика со вештачка интелигенција сега ја опфаќаат и селфи камерата, креирајќи поприродни тонови на кожата и подобри детали при различно осветлување.

Уредувањето фотографии и видеа е исто толку едноставно и лесно, со алатки базирани на вештачка интелигенција вградени во веќе познатите процеси на работа, па корисниците можат брзо да прават промени и да ја ослободат својата креативност без експертиза во дизајн.

Со надградениот “Photo Assist” пакет[11], корисниците можат едноставно да опишат што сакаат да променат. Промената на сцената од ден во ноќ е едноставно барање. Исто така, може да додава елементи во сликите и да ги обновува деловите што недостасуваат од објектите, како на пример, веќе изеден дел од торта. Личните детали, како дамка на облеката, исто така може да се исчистат со новата способност на Galaxy AI да менува облека на фотографиите. Промените сега можат да се прават континуирано, да се прегледуваат чекор по чекор и лесно да се прилагодуваат или да се поништат, правејќи го процесот флексибилен и прилагодлив.

“Creative Studiо”[12]  се надоврзува на оваа едноставност со тоа што ги обединува создавањето и прилагодувањето во еден интегриран простор, олеснувајќи го реализирањето на идеите при инспирација. Почнувајќи од скица, фотографија или текстуален опис, корисниците можат брзо да ги претворат идеите во беспрекорни визуелни содржини, од налепници и покани, до персонализирани позадини, како и да ги доработуваат или споделуваат без потреба за менување на алатките или прекинување на процесот.

Galaxy S26 серијата исто така ги поедноставува честите визуелни задачи со алатки базирани на вештачка интелигенција, како “Document Scan”, кој ги отстранува дисторзиите и дистракциите како набори или прсти, за инстантно да испорача чисти скенирани документи. Повеќе слики може автоматски да се организираат во една PDF датотека, што го олеснува дигитализирањето на сметки, формулари или белешки.

 

Најинтуитивното Galaxy AI искуство до сега

Galaxy S26 серијата е дизајнирана за да ги направи често користените искуства едноставни и лесни за корисникот, при што Galaxy AI го намалува бројот на потребни чекори помеѓу идејата и активноста. Функционира попроактивно и беспрекорно во име на корисникот врз основа на контекстот, нудејќи ја вистинската поддршка во вистинскиот момент и автоматизирајќи ги задачите со минимален мануелен внес. Додека технологијата се повлекува во заден план и ги извршува задачите во позадина, корисниците можат целосно да се фокусираат на резултатите.

Со “Now Nudge”[13], навремените и релевантни предлози им помагаат на корисниците да останат фокусирани. без дистракции. Ако некој пријател побара фотографии од неодамнешно патување, Galaxy S26 автоматски предлага фотографии од галеријата, отстранувајќи ја потребата за пребарување низ албумите или менување апликации. При примање порака за состанок, Galaxy S26 може да ги препознае поврзаните записи во календарот и да провери дали има преклопување на термините.

Во Galaxy S26 серијата, функцијата “Now Brief” [14] стана проактивна и усогласена[15]. Прикажува навремени потсетници за важни настани, од резервации до ажурирања за патувања, на основа на личен контекст, помагајќи им на корисниците да останат организирани во текот на денот.

Барањето на информации исто така е полесно од било кога. Функцијата Заокружи за пребарување со Google (Circle to Search with Google)[16] кај Galaxy S26 серијата e унапредена со можност за детекција на повеќе објекти, па така корисниците ќе можат да истражат подлабински повеќе делови од сликата одеднаш. Доколку корисниците забележат нешто што го сакаат, функцијата може да идентификува сѐ, од фармерки до патики, сѐ преку едно пребарување.

Galaxy S26 серијата опфаќа и надграден “Bixby”[17], како конверзациски агент на уредот, правејќи ја интеракцијата со Galaxy уредите поинтуитивна и полесна од кога било до сега. Корисниците може да навигираат со своите уреди и да ги прилагодат поставките користејќи природно изразување и јазик, без потреба за употреба на конкретна терминологија или команди.

Покрај „Bixby“, Galaxy S26 серијата интегрира избор на агенти, вклучувајќи ги “Gemini” и “Perplexity” [18]. Штом се поставени, задачите ќе бидат завршени преку едно стискање на копче или гласовна инструкција. Galaxy S26 исто така може да се справи со задачи со повеќе чекори во позадината, водејќи го процесот наместо корисникот. На пример, со „Gemini“, повикувањето на такси[19] е едноставно како прашување, преглед на деталите и притискање потврди. Овие агенти поддржуваат задачи како пребарување и реализирање на комплексни активности беспрекорно низ апликациите преку природна интеракција.

Заедно овие проактивни, прилагодени и флексибилни искуства ја поставуваат основата за напредно “AI” искуство, правејќи ги Galaxy уредите доверливи сопатници кои ги разбираат и предвидуваат потребите на корисниците.

 

Ниво на заштита во време на вештачка интелигенција

Како што мобилните искуства стануваат сè поприлагодени благодарение на вештачката интелигенција, заштитата на корисничката приватност станува се покритичнa. “Samsung” вгради заштита во секој дел од Galaxy S26, чувајќи ги приватните информации безбедни, додека на своите корисници им нуди транспарентност и контрола врз тоа како се користат нивните податоци.

Galaxy S26 Ultra воведува приватност на ниво на пиксел со првиот вграден Privacy Display[20] екран во мобилната индустрија, пресвртница во технологијата на екрани која фундаментално го менува начинот на кој приватноста може да биде заштитена на телефонот. Дизајниран за секојдневни ситуации како возење во јавен превоз, кафе-барови или простор кој се дели со други лица, “ Privacy Display” оди чекор подалеку од сѐ она што досега го нудеа мобилните уреди – хардверот и софтверот работат како едно со цел да ја заштитат приватноста без влијание на искуството при гледање.

Преку контрола на начинот на кој пикселите ја распрскуваат светлината, екранот ја задржува содржината јасна, светла и пријатна за корисникот при секојдневна употреба, додека истовремено го ограничува она што другите можат да го видат. За разлика од традиционалните лепливи фолии за приватност, интегрираниот “Privacy Display” екран на Galaxy го задржува целосниот квалитет на гледање од сите правци кога е исклучен, а ја ограничува видливоста за другите од страничните агли на гледање кога е активиран, дури и при менување помеѓу портретна и пејзажна ориентација.

 

Корисниците можат да постават кога да се вклучи, на пример кога внесуваат пин-кодови, шаблони за отклучување и лозинки или кога отвораат избрани апликации, како и да го прилагодат нивото на приватност во зависност од ситуацијата. “Partial Screen Privacy” односно делумната приватност на екранот ја лимитира можноста за појавување на известувања (“pop-up” нотификации), додека “Maximum Privacy Protection”, односно максималната заштита на приватноста, дополнително ги прикрива страничните делови за поголема дискреција, сето тоа со минимално влијание врз батеријата или функционалноста.

Galaxy S26 серијата нуди паметен софтвер со заштитни механизми кои работат тивко во позадина. Овозможена од вештачката интелигенција, функцијата “Call Screening” [21] ги идентификува непознатите повикувачи и ја резимира намерата, со што го олеснува безбедното управување со повиците. Алармите за безбедност (“Privacy Alerts”) користат машинско учење за проактивно известување на корисниците во реално време кога апликациите со администраторски привилегии на уредот непотребно се обидуваат да пристапат до чувствителни податоци, како прецизна локација, листа со повици или контакти. Овие аларми им овозможуваат на корисниците брзо да дознаат кога апликациите бараат подлабок пристап, за корисниците да можат да управуваат со дозволите со поголема јасност и контрола.

Приватниот албум (“Private Album”) вграден директно во галеријата им овозможува на корисниците лесно да ги сокријат избраните фотографии и видеа без да создаваат посебна папка или да се најавуваат на “Samsung” кориснички профил. За да биде чекор пред потенцијалните ризици, Galaxy S26 исто така ја применува иновацијата на „Samsung“ во пост-квантна криптографија (PQC) на критичните системски процеси, вклучувајќи ја верификацијата на софтверот и заштитата на фирмверот, зајакнувајќи го интегритетот на уредот за во иднина.

Новите надградби на „Knox Matrix“ дополнително ја зајакнуваат заштитата ширум поврзаните Galaxy уреди, додавајќи енкрипција од почеток до крај, овозможена од пост-квантна криптографија, за подиректни услуги како трансфери на eSIM и појасна видливост во статусот на надградби на фирмверот низ екосистемот преку функцијата Безбедносен статус на твоите уреди (Security Status of Your Devices).

 

 

Овие искуства се поддржани од “Samsung Knox”, повеќеслојна платформа за безбедност која го штити Galaxy уредот од чипот па нагоре. За Galaxy AI на уредот, Personal Data Engine (PDE) овозможува контекстуално свесни, персонализирани искуства со вештачка интелигенција. За овој процес да биде безбеден, Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP) ги енкриптира податоците од секоја апликација, додека „Knox Vault“ додава физички слој на заштита кој ги изолира сензитивните податоци во сопствен безбедносен хардвер. Заедно со поставките кои им дозволуваат на корисниците да одберат како функционираат функциите со вештачка интелигенција, Galaxy S26 комбинира хардвер и софтвер за да овозможи сеопфатен пристап низ целиот систем, дизајниран за да ги чува личните податоци заштитени.

Овие надградби се надоврзуваат на постоечкото портфолио на заштита и безбедност на Galaxy, кое исто така вклучува функции како  Авто Блокер (Auto Blacker), Заштита од кражба (Theft Protection), Приватно споделување (Private Sharing), Безбедно Wi-Fi (Secure Wi-Fi) и многу други. Овие нивоа на заштита се дизајнирани да им овозможат на корисниците поголема транспарентност, избор и контрола преку континуираната иновација на „Samsung“ во мобилната безбедност во време на вештачка интелигенција. Со седум години безбедносни надградби, Galaxy S26 помага овие нивоа да останат отпорни со текот на времето, овозможувајќи подолготрајно и посигурно користење во иднина.

Galaxy S26 е лесен за употреба, дури и кога телефонот не е покрај вас. Новата Galaxy Buds4 серија е придружник на Galaxy S26, проширувајќи ги секојдневните искуства пошироко од телефонот, истовремено овозможувајќи богат и извонреден hi-fi звук. Кога Galaxy S26 e поврзан со Galaxy Buds4, интеракциите може да продолжат нормално и во моменти кога користењето на рацете не е практично. Корисниците може да активираат “AI“ агенти[22] преку својот глас, можат да управуваат со повиците преку лесни движења на главата (Head Gestures)[23] на Buds4 Pro и да останат поврзани без да го прекинат нивниот тек на активности.

Достапност     

Galaxy S26 Ultra, S26+ и S26 ќе бидат достапни за нарачка во Северна Македонија, започнувајќи од 25 февруари. Galaxy S26 серијата ќе биде достапна во виолетова, бела, црна и небесно сина боја[24]. Корисниците кои ќе нарачаат уред од Galaxy S26 серијата ќе можат да искористат ексклузивна поволност: да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB. За сите информации и детали за новата Galaxy S26 серија, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.

 

 

                                                                     

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

 

 

ТАБЕЛА СО СПЕЦИФИКАЦИИ

Galaxy S26 Ultra
Екран 6,9 инчи* QHD+
Динамичен AMOLED 2X Екран
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S26 Ultra е 6,9 инчи како целосен правоаголник и 6,7 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Димензии и Тежина 78,1 х 163,6 х 7,9mm; 214g
* Тежината може да варира во зависност од земјата или регионот.
Камера 50MP Ултра-Широка Камера

  • F1.9

 

200 MP Широка Камера

  • 2x Зум со оптички квалитет, F1.4

 

50MP Телефото Камера

  • 10x Зум со оптички квалитет, 5x Оптички зум, F2.9

 

10MP Телефото Камера

  • 3x Оптички Зум, F2.4

 

12MP Предна камера

  • F2.2

* Зумот со оптички квалитет е овозможен од Adaptive Pixel сензорот. 3x и 5x дистанците се оптички зум. 2x и 10x дистанците се зум со оптички квалитет.

AP Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy
Меморија и простор за складирање 16GB + 1TB
12 + 512GB
12 + 256GB
*Опциите за простор за складирање и достапноста може да варираат во зависност од добавувачот, земјата и регионот. Реалниот достапен капацитет за складирање зависи од претходно инсталираниот софтвер.
*Можноста за меморија може да варира во зависност од пазарот.
Батерија

 

5.000 mAh
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е естимирана просечна вредност имајќи ја предвид девијацијата во батерискиот капацитет помеѓу примероците батерии тестирани под стандардот IEC 61960. Оценетиот (минимален) капацитет е 4,855mAh. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.
** Реалниот век на батеријата варира од мрежната средина, функциите и апликациите кои се користат, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори.
Полнење*   Полнење со кабел *: До 75% наполнета батерија за 30 минути со адаптер од 60W**

Супер брзо безжично полнење***

Wireless PowerShare****

*Полнење со кабел компатибилно со QC2.0 и AFCPD.
**Адаптерот за полнење се продава засебно. Употребувајте само кабли и полначи одобрени од Samsung.
***Безжично полнење компатибилно со WPC.
****Ограничено на Samsung или други брендови паметни телефони со Qi безжично полнење, како Galaxy Z TriFold, S25 FE, Z Fold7, Z Flip7, S25 серија, S24 FE, Z Fold6, Z Flip6, S24 серија, S23 FE, Z Fold5, Z Flip5, S23 серија, Z Fold4, Z Flip4, S22 серија, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, S21 серија, Z Fold2, Note20 серија, S20 серија, Z Flip, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, Fold, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE and Note5. Достапно само за одредени Samsung Galaxy уреди за носење како Galaxy Buds3 Pro, Buds3, Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch8 Classic, Watch8, Watch Ultra, Watch7, Watch6, Watch6 Classic, Watch5, Watch 5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch and Galaxy Buds. Доколку батеријата е полна 30% или помалку, Wireless PowerShare функцијата може да не функционира. Може да не функционира со одредени додатоци, навлаки, уреди од други брендови или некои Samsung уреди за носење. За време на PowerShare, може да влијае на примање на повик или услуги со проток на податоци, во зависност од мрежната средина.
Оперативен систем (OS) Android 16
One UI 8.5
Мрежа и поврзаност  5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 6.0
*Потребна е оптимална 5G мрежна поврзаност, достапна на одредени пазари. Проверете со продажниот партнер за достапност и детали. Брзините за симнување и стриминг може да варираат во зависност од провајдерот на содржини, поврзаноста на серверот и други фактори.
**Достапноста на LTE модел варира во зависност од пазарот и продажниот партнер. Реалната брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничката средина.
***Wi-Fi 7 мрежната достапност може да варира во зависност од пазарот, мрежниот провајдер и корисничката средина. Потребна е оптимална конекција. Потребен е Wi-Fi 7 рутер.
Отпорност на вода IP68
*На основа на лабораториски тест услови за потопување во до 1,5 метри свежа вода до 30 минути. Без навлегување на прашина; целосна заштита од контакт (непропустливо за прашина). Отпорноста на уредот во вода и прашина не е трајна и може да се намали со текот на времето поради нормално абење.

 

 

Galaxy S26 Galaxy S26+
Екран 6,3 инчи FHD+* 6,7 инчи QHD+ *
Динамичен AMOLED 2X Екран
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S26 е 6,3 инчи како целосен правоаголник и 6,1 инч без заоблените агли; големината на екранот на Galaxy S26+ е 6,7 инчи како целосен правоаголник и 6,5 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Димензии и тежина 71,7 x 149,6 x 7,2mm; 167g (Sub6) 75,8 x 158,4 x 7,3mm; 190g  (mmWave/Sub6)
* Тежината може да варира во зависност од земјата или регионот.
AP Samsung Exynos 2600
* Типот на AP може да варира во зависност од уредот и пазарот.
Камера 12MP Ултра-широка Камера

  • F2.2

 

50 MP Широка Камера

  • 2x Зум со оптички квалитет, F1.8

 

10MP Телефото Камера

  • 3x Оптички зум, F2.4

 

12MP Предна Камера

  • F2.2

* Зумот со оптички квалитет е овозможен од Adaptive Pixel сензорот. 3x дистанца е оптички зум. 2x дистанца е зум со оптички квалитет.

Меморија и простор за складирање 12 + 512GB
12 + 256GB
12 + 512GB
12 + 256GB
* Опциите за простор за складирање и достапноста може да варираат во зависност од добавувачот, земјата и регионот. Реалниот достапен капацитет за складирање зависи од претходно инсталираниот софтвер.
*Можноста за меморија може да варира во зависност од пазарот.
Батерија 4.300 mAh 4.900 mAh
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е естимирана просечна вредност имајќи ја предвид девијацијата во батерискиот капацитет помеѓу примероците батерии тестирани под стандардот IEC 61960. Оценетиот (минимален) капацитет е 4,175mAh за Galaxy S26 и 4,755mAh за S26+. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.
Полнење Полнење со кабел*: До 55% полна батерија за околу 30 минути со 25W адаптер** и 3A USB-C кабел***
Брзо безжично полнење 2.0****
Wireless PowerShare*****
Полнење со кабел*: До 69% полна батерија за околу 30 минути со 45W адаптер**
Супер брзо безжично полнење ***
Wireless PowerShare****
*Безжично полнење коматибилно со QC2.0 и AFCPD.
**Адаптерот за полнење се продава засебно. Се препорачува употреба на оригинален Samsung адаптер за полнење од 45W и кабел за Galaxy S26+ и оригинален Samsung адаптер за полнење од 25W и кабел за Galaxy S26.
***Резултати од интерни лабораториски тестирања на Samsung, спроведени со 25W адаптер за патување поврзан со нова пред-објавена верзија на Galaxy S26 и 45W адаптер за патување поврзана со нова пред-објавена верзија на Galaxy S26+ додека батеријата на уредот е на 0%, со сите услуги, функции и екран исклучени. Реалната брзина на полнење може да варира во зависност од реалната употреба, условите на полнење и други фактори.
***Безжично полнење компатибилно со WPC.
****Ограничено на Samsung или други брендови паметни телефони со Qi безжично полнење, како Galaxy Z TriFold, S25 FE, Z Fold7, Z Flip7, S25 серија, S24 FE, Z Fold6, Z Flip6, S24 серија, S23 FE, Z Fold5, Z Flip5, S23 серија, Z Fold4, Z Flip4, S22 серија, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, S21 серија, Z Fold2, Note20 серија, S20 серија, Z Flip, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, Fold, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE и Note5. Достапно само со одредени Samsung Galaxy уреди за носење како Galaxy Buds3 Pro, Buds3, Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch8 Classic, Watch8, Watch Ultra, Watch7, Watch6, Watch6 Classic, Watch5, Watch 5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Доколку батеријата е полна 30% или помалку, Wireless PowerShare функцијата може да не функционира. Може да не функционира со одредени додатоци, навлаки, уреди од други брендови или некои Samsung уреди за носење. За време на PowerShare, може да влијае на примање на повик или услуги со проток на податоци, во зависност од мрежната средина.
Оперативен систем (OS) Android 16
One UI 8.5
Мрежа и поврзаност 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.4 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 6.0
* 5G услугите се поддржани само во локации кои поддржуваат 5G мрежа. Потребна е оптимална 5G конекција. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, провајдерот и корисничката средина.
** Достапноста на LTE модел варира во зависност од пазарот и продажниот партнер.
*** Wi-Fi 7 мрежната достапност може да варира во зависност од пазарот, мрежниот провајдер и корисничката средина. Потребна е оптимална конекција. Потребен е Wi-Fi 7 рутер.
Отпорност на вода IP68
* На основа на лабораториски тест услови за потопување во до 1,5 метри свежа вода до 30 минути. Без навлегување на прашина; целосна заштита од контакт (непропустливо за прашина). Отпорноста на уредот во вода и прашина не е трајна и може да се намали со текот на времето поради нормално абење.

 

*Спецификациите може да варираат во зависност од пазарот.
*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производите прикажани во овој документ, вклучувајќи ги, но не ограничено на, бенефитите, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и капацитетите на производите се предмет на промена без претходна најава.

[1] За  употреба на одредени AI функции може да е потребна пријава на Samsung кориснички профил. Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI функциите. Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.

[2] Snapdragon брендираните продукти се продукти во сопственост на “Qualcomm Technologies, Inc“. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на “Qualcomm Incorporated“.

[3] Подобрувањата во перформансот на AP се прикажани во споредба со Galaxy S25 Ultra. Реалниот перформанс ќе зависи од корисничката средина, условите и однапред инсталираниот софтвер и апликации.

[4] Подобрувањата во перформансот на комората за ладење “Vapor Chamber“ се прикажани во споредба со Galaxy S25 Ultra. Реалниот перформанс ќе зависи од корисничката средина, условите и однапред инсталираниот софтвер и апликации.

[5] Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трета страна. Типичната вредност е проценетата просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy 26 Ultra изнесува 4.855 mAh.“

[6] „Функцијата ProScaler е поддржана на моделите Galaxy S26+ и S26 Ultra. Квалитетот на сликата може да се подобри до QHD+, во зависност од поставките за резолуција на екранот на уредот.

[7]  47% повеќе светлина на широката камера од 200MP и 37% на камерата на телефонот од 50MP (5x оптички зум) кај Galaxy S26 Ultra. Прикажаните подобрувања во осветленоста се во споредба со Galaxy S25 Ultra.

[8] Резултатите може да се разликуваат во зависност од осветленоста и условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

[9] Резултатите од Super Steady може да варираат во зависност од начинот на уредување и/или условите на снимање.

[10] Резултатите може да се разликуваат во зависност од осветленоста и условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

[11] За Photo Assist може да биде потребна мрежна врска и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Photo Assist може да резултира со промена на големината на фотографијата. При зачувувањето, врз излезната слика се додава видлив воден печат за да се укаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

[12] Функцијата Creative Studio бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

[13] За функцијата Now Nudge потребна е најава на Samsung Account. Достапните функции и карактеристики може да варираат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Текстуалните предлози се достапни со одредени апликации за пораки од трети страни, вклучувајќи ги: Samsung Messages, Google Messages, Google Chat, WhatsApp, WhatsApp Business, KakaoTalk, LINE, Signal, Instagram (DM), Tango, NTT Docomo Messages и KDDI Messages. Споделувањето фотографии во Now Nudge работи преку анализа на достапната содржина на сликите. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[14] За функцијата Now Brief потребна е најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот и апликациите. За некои карактеристики може да биде потребна мрежна врска. Описот на фотографиите обезбеден од моментите може да не се совпаѓа со намерата на корисникот. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како податоци за пребарување (recalled data). Податоците за пребарување се достапни од известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet; податоците собрани од Gmail се применливи само доколку корисникот се согласи со дозволата за читање на Gmail од страна на Personal Data Intelligent. Податоците за детали за резервации се достапни само од пораки за потврда на резервација.

[15] Во споредба со претходни модели.

[16] Circle to Search е трговска марка на Google LLC. Резултатите се само за илустративни цели. Достапна е на одредени уреди и потребна е интернет поврзаност. Работи на компатибилни апликации и површини. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[17] За услугата Bixby потребна е пријава на  Samsung Account  и интернет конекција. Достапните функции и карактеристики може да варираат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Bixby распознава само одредени акценти и дијалекти на англиски (ОК, САД, Индија), француски (Франција), германски (Германија), италијански (Италија),  јапонски (Јапонија), корејски (Јужна Кореа), мандарински (Кина), шпански (Шпанија, Латино Америка), португалски (Бразил). Дополнителни поддржани јазици може да бидат додадени во иднина. Не сите акценти, дијалекти и изрази може да бидат препознаени и вистинскиот перформанс може да варира во зависност од изговорот, нивото на глас и опкружувањето. Употребата на Bixby може да биде ограничена во одредени ситуации како при снимање (видео/игри/глас), за време на повици, при режим Maximum Power Saving, при режим Emergency и Samsung Kids. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, провајдерот, јазикот, моделот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Bixby контролира одредени апликации, дополнителни апликации може да бидат поддржани во иднина. За да се контролираат уреди со SmartThings апликација преку Bixby, прво поврзете ги уредите со SmartThings апликацијата. За повеќе информации, посетете ја SmartThings веб-страницата (www.samsung.com/mk/smartthings).

[18] Достапноста може да варира во зависност од државата, регионот, јазикот, моделот на уредот и верзијата на OS/One UI.

[19] Достапноста може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, јазикот и моделот на уредот.

[20] Privacy Display функцијата го контролира опсегот на гледање на екранот за да ја лимитира периферната визија. Одреден степен на промени во квалитетот на сликата може да се јаван надвор од полето на гледање. Кога функцијата е активирана, некои информации сѐ уште може да се видливи на останатите во зависност од средината на гледање, како агол или осветленост. Се препорачува внимание при откривање на сензитивни информации.

[21] Call Screening функцијата за Call Assist може да варира во зависност од земјата, регионот и јазикот. Во одредени региони, функцијата може да треба мануелно да се активира.

[22] За AI функциите потребен е компатибилен Samsung Galaxy телефон.

[23] Стандардно е поставено како исклучено. Корисникот може да ги вклучи Head Gestures преку апликацијата Galaxy Wearable.

[24] Достапноста на боите може да варира во зависност од земјата или продажниот партнер.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

To top