Бизнис

Плата од над 2.000 евра за овчар, ама никој не сака да работи – нов скок на цената на храната

Земјоделците се соочуваат со потешкотии, како што се ниските откупни цени, но и недостиг од работна сила. Овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за плата од 2.000 евра. Надлежните велат дека кадар нема ни за лек, посебно млади земјоделци.

Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат. Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски пред денешното Годишно собрание на Федерацијата изрази надеж дека ресорното Министерство навреме ќе преземе мерки и ќе се активира т.н. кризен фонд со цел да се ублажат последиците од кризата.

  • Со моменталното случување во светот и војната која никој не ја посакува се случија големи турбуленции на берзите на нафта, а и сите репроматеријали и ѓубрива доаѓаaт од тој регион. Очекуваме големи зголемувања на цените и во малопродажба. Државата односно Министерството за земјоделство треба навреме да преземе мерки како што е активирање на т.н. кризен фонд за да излезе во пресрет при набавката на репроматеријалите односно ѓубривата – рече Јорданоски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека состојбата се следи секојдневно и ако има потреба, ќе интервенираат со соодветни чекори.

  • Она што е важно во делот на цената на ѓубривата и на нафтените деривати, е дека како Министерство ги следиме состојбите секојдневно. Ќе видиме во каков правец ќе се движат. Доколку има потреба, нормално како Министерството ќе излеземе со конкретни мерки и предлози за санација на таквата состојба – рече Трипуновски.

Трипуновски не очекува проблеми при откупот на јагнето за кое кланиците понудиле цена од 260 денари за откуп од лице место. Пикот се очекува веќе следната недела пред Велигденските празници.

  • Имавме серија состаноци на коишто присуствуваа здруженијата на одгледувачи на овци и кланичките капацитети. На последниот состанок, кланиците понудија цена од 260 денари за откуп на јагне од лице место, значи не донесено до кланица. Нормално, таа цена зависи од категоријата на јагнето кое се предава. Не очекувам да се случат некои поголеми проблеми. Доколку оваа цена се одржи во текот на откупот, со достигнување на шпицот што се очекува веќе наредната недела, можно е да има и мало покачување на цените. Ја следиме состојбата како Министерство и мислам дека сточарите ќе бидат задоволни – рече Трипуновски.

На денешното годишно собрание на Федерацијата на фармери, земјоделците како проблеми со кои се соочуваат ги посочија ниските откупни цени, недостигот на работна сила, инфраструктурата и негативните влијанија на климатските промени.

Според претседателот на Националната федерација на фармери, еден од најголемите предизвици е миграцијата од руралните средини односно половина од младите и жените ги напуштаат селата, што ја нарушува демографската и економската стабилност на овие заедници.

  • Без нова генерација млади земјоделци, иднината на секторот е неизвесна. Токму затоа се потребни конкретни политики и мерки – земјоделството мора да стане атрактивна професија за младите преку подобри услови за работа, финансиски стимулации, модернизација на инфраструктурата и програми за едукација и поддршка на младите и жените во руралните средини – порача Јорданоски.

Најкритични сектори, според него, се полјоделството и сточарството. Вели овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за две илјади евра плата.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top