Македонија

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Самсунг (Samsung)објави дека ја задржа својата позиција бр. 1 на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи во 2025 година, одбележувајќи 17 последователни години на врвот, со 35,2% удел според продажба на единици, според компанијата за истражувања Omdia.

Од достигнувањето на глобалната позиција бр. 1 на пазарот за комерцијални екрани за прв пат во 2009 година, Samsung континуирано го зајакнува своето лидерство во B2B секторот за дисплеи. Во 2025 година, компанијата достигна највисоко ниво на годишна продажба досега, испорачувајќи повеќе од 2,5 милиони единици.

Овој долгорочен стабилен раст го одразува фокусот на Samsung на следната генерација на дигитално рекламирање (signage), која комбинира напреден хардвер за дисплеи со решенија базирани на облак (cloud) и поткрепени со вештачка интелигенција, во малопродажни, деловни, образовни и угостителски средини.

Портфолиото на B2B дисплеи на Samsung е изградено врз основа на посветеност кон иновации во производите. Дисплеите Samsung Spatial Signage, лансирани оваа година, прикажуваат импресивна 3D содржина во тенко куќиште од 52 мм. Тие ја добија Наградата за иновации CES 2026 во категоријата “Enterprise Technology” и наградата за дизајн iF Design Award 2026. Samsungпланира во иднина да ја прошири понудата со дополнителни големини дисплеи.

Линијата Samsung Color E-Paper нуди високо енергетски ефикасни решенија за прикажување содржини како алтернатива на традиционалните хартиени постери. Со големина од 33 сантиметри (13 инчи), “Color E-Paper е првиот комерцијален дисплеј во светот што во своето куќиште користи биосмола добиена од фитопланктон. Куќиштето на екранот е составено од 45% рециклирана пластика и 10% биосмола на база на фитопланктон, што овозможува намалување на емисиите на јаглерод за повеќе од 40% во споредба со конвенционалните пластични материјали на база на нафта.Samsung“планира да ја прошири употребата на овој материјал низ целата своја палета “E-Paper“ уреди.

Портфолиото исто така вклучува дисплеи со екстра-голем формат, дизајнирани за деловни средини со високо ниво на влијание, во опсег од моделот QPDX-5K со дијагонала од 267 сантиметри (105 инчи) и моделите QHFX со дијагонала од 292 сантиметри (115 инчи), до дисплејотMicro RGB со дијагонала од 330 сантиметри (130 инчи) (модел QPHX).

Покрај хардверот, Samsung очекува да ја задржи својата водечка позиција во индустријата преку меѓусебно поврзување на уреди и решенија, со што на клиентите им обезбедува беспрекорно, интегрирано корисничко искуство. Ова ја вклучува платформата Samsung VXT за далечинско управување со уреди и содржини и новата апликација AI Studio, која овозможува лесно создавање видеа подготвени за дигитално рекламирање од една единствена слика од производот.  

Седумнаесет години на врвот на пазарот за комерцијалнидисплеи се резултат на слушањето на нашите B2B клиенти и развојот заедно со нив”, истакна Хјонг Џе Ким(Hyoung Jae Kim), Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во Samsung Electronics. “Како што се менува деловната средина, на компаниите им е потребна технологија што е сигурна, лесна за управување и отпорна на застарување. Ќе продолжиме да инвестираме во дисплеи и решенија кои им помагаат на нашите партнери да работат поефикасно и да создаваат подобри искуства во секој простор.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

(Видео): Се одлучивме за намалување на ДДВ, а не на акцизата оти сакавме поробусна интервенција, велат од Владата

Според анализите што ги направиле во Владата, со намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200 000 евра, а на неделно ниво се очекува таа да биде околу еден и пол милион евра.

Костовски: Наскоро почнува градбата на нова поликлиника во Бутел, за да се подобри здравствената заштита на жителите!

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот. „Носител на овој мега проект е општина Бутел. Министерството за здравство партнерски ќе учествува во него. Премиерот Христијан Мицкоски стои зад овој проект.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

To top