Свет

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) се консултира со владите во Азија и Европа за пуштање повеќе нафта од резервите доколку е потребно, изјави извршниот директор Фатих Бирол, предупредувајќи дека обемот на енергетската криза е потценет. Сегашната енергетска криза е потешка од претходните нафтени шокови, предупреди извршниот директор на ИЕА, а владите ширум светот сè уште не сфатиле колку е навистина длабока. Зборувајќи на конференција со прес-здружението во Канбера, Бирол ја нарече кризата на Блискиот Исток „многу тешка“, нагласувајќи дека ги надминува нафтените шокови од 1970-тите, но и влијанието на војната меѓу Русија и Украина врз пазарот на гас. Според него, конфликтот со Иран „исфрли“ дури 11 милиони барели нафта дневно од глобалниот пазар – повеќе од двата претходни нафтени шокови заедно.

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

ИЕА разговара со владите за ослободување на повеќе нафта од резервите, истакна шефот на агенцијата, нагласувајќи дека не постои однапред одредена цена што автоматски би го активирала овој механизам.

  • „Секако, ќе го сториме ова доколку е потребно. Ќе ја следиме ситуацијата, ќе ги анализираме пазарите и ќе се консултираме со земјите-членки“, додаде Бирол.

Сепак, тој предупреди на ограниченото влијание на таков потег.

  • „Ослободувањето на резервите ќе ги смири пазарите, но нема да го реши проблемот, само ќе ги ублажи тешкотиите во економијата“, нагласи шефот на ИЕА.
  • „Клучното решение за проблемот лежи во отворањето на Ормутскиот теснец“, повтори Бирол, додавајќи дека токму поради потценувањето на обемот на кризата решил јавно да излезе три недели по почетокот на војната.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top