Македонија

СДСМ бара оставка од Тошковски по пукањето во Куманово

Според СДСМ, престрелките се секојдневие и граѓаните не се чувствуваат безбедни

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Причина за ваквото барање, како што наведуваат, е оружениот инцидент што се случи денеска во Куманово, а во кој едено лице беше повредено.

„Последниот оружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму бараат надлежните институци веднаш да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста.

Според СДСМ, престрелките се секојдневие и граѓаните не се чувствуваат безбедни. Ова што се случува во континуитет, велат од СДСМ, е за секаква осуда и недозволиво.

„Македонските улици се претворија во Див Запад“, се додава во соопштението.

Од партијата искажуваат загриженост оти денеска во Куманово можело да се случи да загине дете додека се враќа од училиште.

Од СДСМ велат дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конечно да си поднесе оставка?“, прашуваат од СДСМ.

Оставката што ја бараат од министерот за внатрешни работи е, како што велат, поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти.

Денеска, едно лице беше повредено на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење.

Повредениот е 43-годишникот Зекирија Шаини, вработен на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково.

Повредениот бил пренесен во кумановската болница со четири прострелни работи во пределот на левата подлактица и десното колено. Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека мажот е пренесен на скопските клиники, но дека е надвор од животна опасност.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top