Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за почесниот конзул во Србија

Владејачката партија ја потсети опозициската дека Адамовиќ е именуван од претходната влада, но и оти ги исполнува условите

Душан Адамовиќ, почесен македонски конзул во Србија со седиште во Панчево, е најновиот камен на сопнување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград (Никола Тупанчески – н.з.) именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ.

Партијата на Башановиќ, СДС, треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.

Не сакаме да се вмрежуваме во дневно-политичките настани во соседна Србија, иако желбата на СДС е огромна за тоа.

Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, регира владејачката партија на прозивката од портпаролката на опозициската, Богданка Кузеска.

Таа на прес-конференција праша зошто на таква функција е поставен човек што на Икс напишал „Ова е уште еден доказ дека Српска Македонија е окупирана“, тврдејќи дека тој е висок функционер на Српската напредна странка на претседателот Александар Вучиќ и оти бил дел од повеќе афери во Србија.

„Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ, јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје.

‘Вести.рс’ пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела“, наброја Кузеска.

 

Најнови вести од: Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Интервју: Динамични и продуктивни 100 дена, низа капитални проекти за 50. јубилеј на Општина Гази Баба

Освен настаните, предвидени се и одликувања и признанија за поединци, организации и институции кои со својата посветеност и работа оставиле траен белег во развојот на Гази Баба. Овие признанија не се само симболични, туку се потсетник за тоа дека заедничката работа и посветеноста кон граѓаните се вредности кои ја градат нашата општина.

(Видео): Заев и СДСМ беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени, велат од владејачката партија.

To top