Македонија

СДСМ: Петар Арсовски е човек без морал и без срам

Канонадата навреди, омаловажувања и клевети насочена кон аналитичарот упати опозициската СДСМ за експертот кој со децении стои „на браникот на СДС“ и во многу наврати ги бранел нивните ставови

 

 

„Затоа денес е јасно на сите: Нема друга опозиција освен онаа обединета околу Фронтот за вистина и правда.

Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање.

Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата“, соопштија денеска пулените на Филипче, пишува пишува „Курир“

Причина е неговата анализа за Дојче Веле насловена како „СДСМ на раскрсница: поделба или нов почеток?

Во неа Арсовски за новата иницијатива која  опасно ја вознемири СДС пишува:

„Историјата покажува дека големите политички промени многу почесто започнуваат токму со пojавата на нови иницијативи, отколку со постепено зајакнување на старите партии. Една од причините е тоа што новите движења често внесуваат конкуренција таму каде долго време владеела политичка инерција, со тенденција да ги принудат постојните партии да ги освежат своите политики, кадровските решенија и начинот на комуникација со јавноста. Затоа, понекогаш не е најважно дали едно ново движење ќе освои многу гласови, туку дали ќе успее да обезбеди инфузија на енергија и да ја раздвижи политичката сцена околу себе“, вокабулар кој очигледно силно силно ги вознемири и ги отвори чакрите на Филипче, Заев и свитата.

Завчера, контра нив застанаа 28 извикани сегашни и екс социјадемократи, за кои пишува Арсовски.

Во платформата учествуваат: Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Горан Стојковски – Диро.

СДС и Венко Филипче ги нарекоа КВИСЛИНЗИ и се во тежок уплав од новата фракција која се претстави како платформа „Разговори за иднината во 12:05“, составена од 28 поранешни и актуелни СДС пратеници и функционери, аналитичари и дисиденти, претставена како демократска платформа за подигнување на нивото на општествената дебата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top