Македонија

СДСМ претстави 11 кандидати за градоначалник

Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница одобри кандидатури за градоначалници во 11 општини за претстојните локални избори во земјава.

Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница одобри кандидатури за градоначалници во 11 општини за претстојните локални избори во земјава.

Членовите на одборот одлучија Оливера Ливриниќ да биде кандидатка за градоначалничка на Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија и Благој Илиев за Конче. За градоначалник на Кратово е предложен Влатко Спировски, за Кривогаштани Игор Каравиловски, за Македонски Брод Ивица Стојковски, за Ранковце Даниел Крстевски, а за Старо Нагоричане Далибор Трајковски.

-СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините, велат од партијата.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

To top