Седум часа откако на прес конфернција побара САД да ја третира Македонија под власта на ВМРО-ДПМНЕ како Венецуела и Иран СДСМ тврди дека Филипче не барал Америка да ја бомбардира Македонија.
Откако стотици луѓе и медиуми ја изначија споредбата на Македонија со Иран и Ванецуела како глупа и врз основа на зборовите на Филипче заклучија дека тој бара воена интервенција против својата земја, СДСМ реагира и вели дека само еден новинар кого го споменуваат во соопштението можел да помисли такво нешто со бомбардирање на Македонија.
Според СДСМ само Драган Павловиќ Латас го помислил тоа затоа што се подготвувал да ја пали амбасадата на САД и го обвини новинарот дека работи за странски служби и против својата држава.
СДСМ не објаснува точно што сакал да каже Филипче со споредбата меѓу Македонија и Иран и Венецуела. Од таму велат дека се знаело што значеле неговите зборови.
,,Се знае на што мислеше претседателот на СДСМ, а тоа го знаат и граѓаните – на корумпираната и криминална влада на Мицкоски и неговата организирана екипа”, објави СДСМ во конфузното соооштение.
Од Бихаќка велат дека СДСМ нема потреба да ја докажува својата проевропска политика, а особено не да се правдаат ,,за вакви глупости што ги пишува за бомбардирање, бидејќи СДСМ ја внесол Македонија во НАТО и со тој сојуз со 32-те земји членки обезбеди сигурност за сите граѓани и нивните деца од потенцијални безбедносни закани. Како што рековме – вашите спинови повеќе не поминуваат.
А за криминалот и корупцијата, сите ќе одговарате”, објави СДСМ.
Поврзана вест