Македонија

СДСМ: ВМРО е партија на која многу ѝ се верува

Соопштението завршува со пораката ,,Македонија повторно горда”

Во партиско соопштение Бихаќка реагира на објавената анкета на Маркет Вижн и МКД.мк.

Во соопштението меѓу другото лд Бихаќка велат дека сепак, ВМРО е партија на која многу ѝ се верува.

Според партиското соопштение СДСМ стои толку лошо што ВМРО мора да се занимава само со нив секој ден и постојано.

Од таму процениле дека 40 проценти од медиумите кои тие не ги наведуваат пишувале негативно за СДСМ.

Во соопштението СДСМ тврди дека Петре Шилегов и Јован Деспотовски кои бараат реформи и смена на Филипче работат по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

,,👉 Црни кампањи, јавен линч на претседателот Филипче.

👉 Измислени афери, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан.

👉 Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како Шилегов и Депостовски.

👉 Лажни анкети.

👉 Секојдневни напади и небулозни прес конференции.

👉 Совети за „реформи“, стои меѓу другото во соопштението кое завршува со пораката ,,Македонија повторно горда”.

Според последните анкети кои СДСМ ги оспорува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат историски највисок рејтинг во споредба со Венко Филипче и СДСМ.

СДСМ и Филипче ќе мора да почекаат подобри времиња и анкети

Анкета: Секој втор би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, секој десетти за СДСМ

Тажна анкета за Бихаќка, Мицкоски води пред Филипче со однос 7:1

Сите македонски лидери заедно послаби од Христијан Мицкоски

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Обвинет е за три кривични дела – Телесна повреда,  односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

To top