Македонија

Се ближи спасот за Скопјаните кои се движат со јавен превоз низ метрополата

Испорака во три фази во рок од 18 месеци

Министерството за транспорт соопшти дека заврши електронската аукција во рамките на јавната набавка за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Најповолна понуда доставила компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН.

На јавниот повик понуди доставиле четири компании: Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU Denmark A/S – Yutong, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН.

По евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки утврдила дека две компании ги исполнуваат условите за учество на електронската аукција. Станува збор за BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН.

Според резултатите од електронската аукција, најниска понуда доставиле IKARUS Electric Zrt и ЕВН, во вкупен износ од 3.120.956.004 денари без ДДВ. Цената по електричен автобус изнесува 19.796.924 денари без ДДВ, а цената за една станица за полнење е 2.018.899 денари без ДДВ.

Комисијата предложила избор на овој економски оператор за најповолен понудувач, по што следува законскиот рок од десет дена за евентуални жалби.

По потпишувањето на договорот, испораката ќе се реализира во три фази: во рок од шест месеци треба да бидат испорачани 30 автобуси и 15 станици, во рок од 12 месеци уште 60 автобуси и 30 станици, а преостанатите 60 автобуси и 30 станици најдоцна во рок од 18 месеци

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

To top