Македонија

Сè помалку венчавки, сè повеќе разводи – за 8% зголемен бројот на растурени бракови

Финансиски предизвици, брзо темпо на живеење, недоволна комуникација

Финансиски предизвици, брзо темпо на живеење, недоволна комуникација – ова се главните причини за зголемениот број на разводи во Македонија. Само лани имало 2.185 разводи што е за 8 проценти повеќе од 2024 година.

„Не се чувствувам сакано“ е една од главните реченици кои ги слушаат брачните советници. Партнерите најчесто немаат емоционална блискост, комуникација и разбирање, но сепак стручните лица велат дека најважно е и двајцата да вложат напори за да се сочува еден брак. Препорачуваат да комуницираат секојдневно и доколку има потреба да побараат стручна помош.

„Би им препорачала да комуницираат секојдневно и да комуницираат за денот и што чувствуваат, би им препорачала да побараат стручна помош доколку не можат сами да го решат проблемот, на младите да не избрзуваат со одлуките. Да внимаваат бидејќи социјалните мрежи влијаат и носат нереални стандарди и партнерски очекувања.“ вели семејниот советник Маја Георгиевска Павловска за Алфа тв.

Браковите не се распаѓаат преку ноќ, разводот не е резултат на еден инцидент. Напротив на тоа претходи емоционален процес и разни дисфункции кои траат извесен период. Според социолозите порастот на разводи и намалениот процент на склучени бракови не се должи на недостаток на љубов помеѓу партерите, туку на недостаток на комуникација и разидување во потребите и желбите.

„Најголемо влијание има потребата да биде трансформиран начинот на кој го градиме бракот, браковите да не се градат само како економска неопходност и да можеме заедно да гледаме деца, туку во денешно време баш браковите можеме од позиција на слободен избор, но и ќе траат денешните бракови се додека се почитувани достоинството и на мажите и на жените.“– вели социологот Дороти Пачкова за Алфа тв.

Инаку, во текот на 2025 година склучени се 10.507 бракови, што претставува намалување од 5,1 процент во споредба со претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, најчесто жените го склучуваат првиот брак на околу 27 години, а мажите на 30 годишна возраст. Бројките покажуваат дека во истиот период лани имало 2.185 разводи, или 8 проценти повеќе од минатата година. Најмногу разводи има кај лицата од 35 до 39 години и по 5 до 9 години брак.

Најнови вести од: Македонија

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиун пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

Заострени закони, но хаос на улиците: Дали новите правила за електричните тротинети ставија ред во сообраќајот?!

Забележливи се многу тротинети низ градските улици, но дали и колку новата законска рамка внесе ред во сообраќајот? Наместо по велосипедски патеки, електричните возила се движат меѓу пешаците. Тоа го детектирала и полицијата, повеќе од половина од прекршоците направени со употребата на овие превозни средства, се токму за непрописно движење по пешачки површини. И заштитните кациги не се во масовна примена.

Колку се чека на Богородица за излез од Македонија?!

На граничниот премин Богородица претпладнево се чека од 15 до 30 минути за излез од Македонија, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како честите разговори со AI го менуваат човечкото однесување?!

Вештачката интелигенција одамна е присутна во научните истражувања и образованието, но нејзиното најзабележливо влијание врз секојдневието се случува во корисничките сервиси. Од онлајн продавници до здравствени установи, виртуелните агенти ја презедоа првата линија на комуникација со корисниците.

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

Најнови вести

To top