Македонија

Се трага по исчезнат 52.годишен скопјенец

Паралелно со полициската потрага, на социјалните мрежи масовно се споделува апел за негово пронаоѓање

Според полициските информации, лицето исчезнало на 6 август, односно пред 6 дена.

„На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал на 06.08.2026. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти МВР.

Паралелно со полициската потрага, на социјалните мрежи масовно се споделува апел за негово пронаоѓање. Во објавите се наведува дека последен пат бил виден во скопската населба Ново Лисиче, а семејството и блиските бараат помош од граѓаните кои можеби го виделе или располагаат со информација за неговото движење.

Апелот во текот на денот го споделија повеќе граѓани и јавни личности, со повик информациите што би можеле да помогнат што побрзо да стигнат до семејството и надлежните институции.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни околности за исчезнувањето, освен дека се преземаат мерки за пронаоѓање на 52-годишникот.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

To top