Македонија

Се уште не нарекуваат ФИРОМ а бараат целосно да се спроведе Преспанскиот договор

Грција отворено го крши договорот кој бара да се почитува целосно

Во Грција се уште Македонија ја нарекуваат ФИРОМ но немаат проблем официјално да бараат целосно да се спроведе Преспанскиот договор.

Последен пример за двојните стандарди во односот на Грција кон Македонија е натпреварот од Европското првенство во кошарка за играчи до 18 години каде Грција целосно го прекршува договорот за кој бара Македонија да го користи стопроцентно.

Во фотографијата која ја објавува грчкиот медиум Спорт 24 се гледа како Грција отворено го крши договорот кој бара да се почитува.

На семафорот наместо кратенката МКД која е регулирана со договорот од Преспа пишува ПГМ на грчки што значи Поранешна република Македонија.

Во случајот Грција не ја користи ниту кратенката МКД ниту НМК која владата на СДСМ и ДУИ вон сите правила и договори ја стави на македонските автомобилски регистрации.

Ќе реагираат ли грчките власти кон тие што го кршат договорот од Преспа или ќе продолжат да бараат само од Македонија да го спроведува целосно.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top