Македонија

Седум активни пожари на отворен простор

Под контрола е пожарот на територијата на општините Гостивар и Македонски Брод, кој се протега од селото Трново кон селата Битово, Заград и Страјане

На територијата на државата денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е ставен под контрола, додека два се изгаснати.

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Ресен, на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде гори борова шума и ниска вегетација, пожарот во општина Сарај, помеѓу селата Копаница и Радуша каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, пожарот во општина Јегуновце, кај селото Копанце каде гори мешана шума, во општина Чашка над селото Нежилово, на местото викано Сватови каде гори ниска вегетација и единечни дрва, општина Боговиње кај селото Урвич, каде гори нискостеблеста вегетација, општина Студеничани над селото Палиград, каде гори мешана шума и пожарот во општина Долнени помеѓу селата Лажани и Кошина каде гори ниска вегетација.

Под контрола е пожарот на територијата на општините Гостивар и Македонски Брод, кој се протега од селото Трново кон селата Битово, Заград и Страјане, каде што се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Целосно се локализирани два пожари, и тоа во општина Старо Нагоричане кај селото Челопек каде што гореле ниска вегетација и стари греди и во општина Тетово покрај патот Попова Шапка – Бачила „1 Мај“ каде горело смрека и борова шума.

Најнови вести од: Македонија

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top