Македонија

„Сејф Сити“ ги дава посакуваните резултати: пад од речиси 30 проценти на сообраќајните несреќи во споредба со лани

Статистика

Новиот систем за строги казни и почутување на сообраќаните правила „Сејф Сити“ полека, полека ги дава посакуваните резулати. Статистиката покажува пад од цели 27 проценти на бројот на сообраќајни незгоди овој месец во споредба со истиот период лани. Според официјалните податоци, на подрачјата каде што е поставен безбедносниот систем бројот на сообраќајни незгоди е значително намален.

„Во периодот од 01.02.2025 до 28.02.2025 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 регистрирани се вкупно 288 сообраќајни незгоди“- се вели во податоците од МВР.

И покрај намалениот број на незгоди, во периодот од 1 до 23ти февруари годинава две лица го загубиле животот во сообраќајка, а 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Во истиот период лани, животот го загубило едно лице, а 15 лица имале сериозни последици.

„Во периодот од 01.02.2025 до 28.02.2025 на територија на градовите Скопје, Тетово и Куманово и коридорите 8 и 10 едно лице го загубило животот во сообраќајна незгода. Во истиот период констатирани се 15 сообраќајни незгоди од кои 16 лица се здобиле со тешки телесни повреди“- велат од МВР.

Според податоците, најчести причини за сообраќајните незгоди и натаму се пребрзо возење, возење под дејство на алкохол, минување на црвено и непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Откако стапи во функција системот, таму каде има камери, регистрирани се вкупно 14.391 сообраќајни прекршоци.

Изминатата недела се изречени вкупно 4.910 казни од кој најголем дел и понатаму се за пребрзо возење. Бројот на прекршоци за минување на црвено светло е намален дури за 51%, а има и пад од 20,9% во бројот на изречени мерки за забрана за управување на возило во однос на минатата седмица.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top