Македонија

Секоја осма црква во Македонија ѝ е посветена на Пресвета Богородица, а секое петто семејство ја празнува како домашна слава

Од вкупниот број на цркви во Македонија околу 235 го носат името на Богородица, а повеќето од нив се посветени на нејзиното Успение.

Еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, согласно со богатата македонска традиција, е повод за многубројните обичаи на македонскиот народ низ многуте векови на неговото постоење и битисување Мајката Божја меѓу Македонците ужива големо почитување и огромна верба во нејзините чуда. Секоја осма црква во Македонија ѝ е посветена на Пресвета Богородица, а секое петто семејство оваа светителка ја празнува како домашна слава.

Според пресметката на вкупниот број на цркви во Македонија, околу 235 цркви го носат името на Богородица, а повеќето од нив се посветени на нејзиното Успение, празник што се одбележува секоја година на 28 август според новиот календар, или на 15 август според стариот календар.

За Богородица има многу преданија, кои зборуваат за нејзините чуда, вклучувајќи ги и чудата во Македонија, поврзани со храмот во центарот на Скопје, за кои скопјани и денес зборуваат. Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

Во 19 век една од најпродаваните и најчитани книги во Европа била токму книгата „Чудата на Пресвета Богородица“ од Јоаким Крчовски, печатена тогаш на македонски народен јазик, што го зборувале Македонците во овие краишта. Според професорот Димитар Пандев од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, „Чудата на Пресвета Богородица“ е најчитаната книга не само во Македонија туку и пошироко во 19 век, особено меѓу тогашното словенско население.

„Особено е значајно што оваа книга излегла токму на македонски народен јазик. Објавена е во Будим, со поддршка на македонските трговци, кои биле особено горди на оваа книга. Еден од нив со воодушевување ја чекал книгата да излезе од печатницата во Будим и направил свој запис за тоа, со кој го одбележал точниот датум на излегување на книгата, а тоа е 23 мај 1817 година. Оваа книга ќе доживее пет изданија во текот на 19 век, а ќе биде препишувана и рачно. Всушност, оваа книга е антологија на чудата на Пресвета Богородица.“ – укажува професорот Пандев.

„Нова Македонија“



Најнови вести од: Македонија

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

(Видео): Се одлучивме за намалување на ДДВ, а не на акцизата оти сакавме поробусна интервенција, велат од Владата

Според анализите што ги направиле во Владата, со намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200 000 евра, а на неделно ниво се очекува таа да биде околу еден и пол милион евра.

Костовски: Наскоро почнува градбата на нова поликлиника во Бутел, за да се подобри здравствената заштита на жителите!

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот. „Носител на овој мега проект е општина Бутел. Министерството за здравство партнерски ќе учествува во него. Премиерот Христијан Мицкоски стои зад овој проект.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Мицкоски: Нема да бидеме предизборна алатка во рацете на политичари од Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век!

„Во овој момент не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината. Да не им дозволиме на тие политичари да водат изборна кампања врз ова прашање.“ – изјави денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија.

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

Најнови вести

To top