Македонија

Села: Без Бадентер во Уставниот суд, нема да влеземе во Владата

Пратеникот и лидер на крило во Алијансата за Албанците го условува станувањето дел од владиното мнозинство

Лидерот на едното крило во Алијансата за Албанците, Зијадин Села, реагираше на последните изјави од редовите на ВРЕДИ, во врска со можноста за негово и учество на неговата партија во Владата.

Села нагласи дека секоја дискусија за евентуално спојување во извршната власт мора да се темели на јасни политички принципи и услови, со други зборови за него и за неговиот политички блок, клучен приоритет останува почитувањето и практичната имплементација на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд.

„Во минатото, сопствениците им велеа на работниците „ако не сакате, има други деца“. Денес, „нема други деца“, рече Села. Според него, ова прашање е од суштинско значење за обезбедување еднаквост и правична застапеност на немнозинските заедници во државата.

Села додаде дека без исполнување на овие услови, не може да се зборува за никаков договор за учество во Владата.

Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, пред неколку дена изјави дека има отворени комуникации и разговори за можноста Села да се приклучи на владината коалиција, оценувајќи дека „вратата е полуотворена“.

Меџити додаде дека „се мери пулсот“ за таква политичка опција и предупреди дека во рамките на промените и евентуалната реконструкција на Владата, може да има и кадровски промени, и промени во извршната власт.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top