Македонија

Села: Владата го стопира Коридорот 8 за сметка на Коридорот 10Д!

Пратеникот од Алијанса за Албанците имал „сигурни информации“ дека Мицкоски со тоа одработувал за српскиот свет и за Русија

Лидерот на крило во Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја обвини Владата дека намерно ја забавува изградбата на Коридорот 8 кон Албанија и се пренасочува кон Коридорот 10Д преку поврзување на Охрид со Битола, а од таму кон Грција.

На прес-конференција во Собранието тој рече дека од „сигурни“ извори од Владата дознал дека таа „се обидува, преку финансиско условување кон ‘Бехтел Енка’, да ги пренасочи и запре работите поврзани со Коридорот 8 и на овој начин да го исклучи, како што правеше секој пат во овие 20 години што поминаа, целиот Полошки регион од овие инфраструктурни проекти“.

„Да се исклучи поврзувањето на Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Исто како во случајот со изградбата на автопатот Кичево-Охрид каде што беше пренасочен сегментот од Коридорот 8, на ист начин сега нашите информации укажуваат дека Владата се обидува да ги запре работите што се започнати околу Коридорот 8 и да продолжи со работите кон изградба на сегментот Охрид-Битола, Битола-Прилеп со цел повторно директно поврзување со Коридорот 10Д. И кога зборуваме за овој коридор, јасно ги гледаме тенденциите да се заобиколи и Коридорот 8 да се остави неизграден“, рече Села.

Според пратеникот, премиерот Христијан Мицкоски на тој начин одработувал за т.н. српски свет и преку него за руските интереси на Балканот.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top